Репортажа: Албанија

12 февруари 2007

Минатата недела го реализирав моето второ патување со репрезентацијата на Македонија. По она во Манчестер (Англија) сега бев во Албанија (Драч и Скадар). Јасно е дека не може да се прави никаква споредба на двете патувања.

На море во февруари:
Шеталиште покрај брегот во Драч


Драч
Доаѓањето во Драч беше само прошетка бидејќи не стигнавме на време да се видиме со фудбалерите кои заминаа за Скадар. Драч е туристички град, а бидејќи е февруари имаше многу мала фреквенција на луѓе. Имавме среќа со временските услови па за првпат пиев кафе на плажа во февруари! Хотелот во кој бевме сместени беше одличен. По вечерата во еден ресторан, не успеавме да најдеме ниту еден локал за забава во вечерните часови и бевме во кревет веќе пред полноќ.

Хотелот на нашата репрезентација во Скадар

Скадар

За разлика од Драч, во Скадар веќе се почувствувавме како во урбана средина. Во градот имавме време само за кратка прошетка и ручек по што следеше натпреварот. Вториот ден од патувањето немавме среќа со временските услови па накиснавме од дожд веќе на патот кон стадионот. Околу стадионот се случуваше вистински хаос бидејќи организацијата беше на навистина ниско ниво.

Навивачите од Македонија
Чудна работа е тоа што Албанците од Македонија изгледа повеќе ја поддржуваат репрезентацијата на Албанија од самите Албанци кои живеат во оваа земја. Крајно варварско беше однесувањето на оние 100-тина навивачи кои ги вознемируваа нашите репрезентативци со урлање пред хотелот во кој тие беа сместени. Албанците со кои имавме контакт во Драч и Скадар беа неверојатно пријателски расположени и услужни кон нас.


„Свечената ложа“ и столчињата за новинарите

Стадионот и натпреварот
Условите во кои новинарите го гледаа натпреварот беа (најблаго кажано) мизерни! Ниту еден дел од стадионот (освен „свечената ложа“ која собира 5 луѓе) не е покриен па така столчињата беа полни со вода, а трибината на која се наоѓавме повеќе личеше на рушевина отколку на дел од стадион. На трибината останав околу половина час, се до голот на Ристиќ по кој почна да „истура“ дожд. Засолниште најдовме во кафеаната која се наоѓаше во подтрибинскиот простор каде на телевизија го догледавме остатокот од мечот.


Второ полувреме во кафеана поради лошите временски услови

На крај, заклучокот е дека пријателскиот натпревар со Албанија не беше најсреќен избор на ФФМ и селекторот Катанец. Ако патувањето во Манчестер минатата година претставуваше незаборавно фудбалско искуство, посетата на Албанија беше само обична прошетка. Колку добро го искористивме терминот за подготовка ќе се покаже дури во март на натпреварот против Хрватска.


Tags: football, Macedonia, Albania, репрезентација, фудбал, Македонија, Friendly.

Албанија - Македонија Фото

11 февруари 2007

Еве ги и фотографиите од Албанија, наскоро ќе следи и текст.



Клик на фотографијата ќе ве однесе до целиот албум.


Tags: football, Macedonia, Albania, репрезентација, фудбал, Македонија, Friendly.

Албанија - Македонија Видео


Ова е се што успеав да снимам во Албанија, немаше и што многу да се снима.



На десниот крај од трибината (крајот на видео-клипот) се гледаат оние навивачи на Албанија кои допатуваа од Македонија. Ова е снимено пред самиот почеток на натпреварот и можете да забележите дека има малку публика.


Tags: football, Macedonia, Albania, репрезентација, фудбал, Македонија, Friendly.

Албанија - Македонија

05 февруари 2007

Утре заминувам во соседна Албанија за пријателскиот натпревар на нашата репрезентација против Албанија. Во однос на натпреварот, кажав и претходно низ коментарите: очекувам победа (0-2 ако мора да прогнозирам), но најважно ќе биде да се воиграат репрезентативците пред натпреварот против Хрватска.


Малку чуден стадионов а?

Утре сум во Драч, а задутре во Скадар каде ќе се одигра натпреварот. Се надевам дека чудниот стадион на домаќините ќе биде полн до последно место. Ве поздравувам, а додека ме нема слободно можете да тркнете докај новиот член на „Македонската Заедница на Спортски Блогери“ (ова сега ми текна :-)) -> Тод (инаку минатогодишен шампион во Fantasy Premier League од Македонија).

П.С.
Ако се дограбам до интернет конекција во Албанија, ќе постирам по некоја слика и збор-два текст.


Tags: football, Macedonia, Albania, репрезентација, фудбал, Македонија, Friendly.

Чудни фудбалски правила

03 февруари 2007

Кога пред некое време седев на пиво со Владо, низ некој муабет ме потсети на еден текст кој го пишував во Club Football уште одамна. Денеска случајно ми падна во рака тој број од списанието (бр.14 април, 2006). Текстот ги опишуваше најчудните фудбалски правила кои ретко кој ги познава бидејќи ретко се практикуваат на натпреварите. Решив да пренесам 2 такви правила, ме интересира дали сте слушнале за нив?


Правила што не ги знаат ни судиите :-)

1. Замени
: знаете ли дека секој фудбалер кој е во игра има право да одбие да биде заменет? Да! Во ваков случај, никој нема право со сила да го избрка од теренот. Иако тренерот може да побара замена, фудбалерот кој не сака да биде заменет само треба да го извести судијата за својата одлука.

2. Пауза на полувремето: знаете ли дека капитените на двата тимови можат да се договорат да нема пауза меѓу двете полувремиња од еден натпревар? Да! Паузата од 15 минути е максимумот пропишан од ФИФА, а капитените се тие што во договор со судијата можат да одлучат паузата да трае помалку или воопшто да ја нема.

Интересно нели? Малку да ја разведриме атмосферата, некако не сакав да напишам „тежок“ текст околу мак-фудбалов, ќе оставам тоа за утре-задутре.


Tags: football, Macedonia, ClubFootball, правила, фудбал, Македонија, FIFA.

Блогерите рекоа НЕ!

01 февруари 2007


Не од блгерите за раководството на ФФМ

Слободно коментирајте ги резултатите од анкетата, а од вашата десна страна се наоѓа новата анкета која ќе трае до среда. Каков мислите дека ќе биде резултатскиот исход од натпреварот Албанија - Македонија? Ако верувате дека пријателските натпревари како овој се важни само за воигрување на тимот и тактичка подготовка, слободно изјаснете се дека резултатот не ви е важен.


Tags: football, Macedonia, анкета, ФФМ, фудбал, Македонија, poll.