Репортажа: Албанија

12 февруари 2007

Минатата недела го реализирав моето второ патување со репрезентацијата на Македонија. По она во Манчестер (Англија) сега бев во Албанија (Драч и Скадар). Јасно е дека не може да се прави никаква споредба на двете патувања.

На море во февруари:
Шеталиште покрај брегот во Драч


Драч
Доаѓањето во Драч беше само прошетка бидејќи не стигнавме на време да се видиме со фудбалерите кои заминаа за Скадар. Драч е туристички град, а бидејќи е февруари имаше многу мала фреквенција на луѓе. Имавме среќа со временските услови па за првпат пиев кафе на плажа во февруари! Хотелот во кој бевме сместени беше одличен. По вечерата во еден ресторан, не успеавме да најдеме ниту еден локал за забава во вечерните часови и бевме во кревет веќе пред полноќ.

Хотелот на нашата репрезентација во Скадар

Скадар

За разлика од Драч, во Скадар веќе се почувствувавме како во урбана средина. Во градот имавме време само за кратка прошетка и ручек по што следеше натпреварот. Вториот ден од патувањето немавме среќа со временските услови па накиснавме од дожд веќе на патот кон стадионот. Околу стадионот се случуваше вистински хаос бидејќи организацијата беше на навистина ниско ниво.

Навивачите од Македонија
Чудна работа е тоа што Албанците од Македонија изгледа повеќе ја поддржуваат репрезентацијата на Албанија од самите Албанци кои живеат во оваа земја. Крајно варварско беше однесувањето на оние 100-тина навивачи кои ги вознемируваа нашите репрезентативци со урлање пред хотелот во кој тие беа сместени. Албанците со кои имавме контакт во Драч и Скадар беа неверојатно пријателски расположени и услужни кон нас.


„Свечената ложа“ и столчињата за новинарите

Стадионот и натпреварот
Условите во кои новинарите го гледаа натпреварот беа (најблаго кажано) мизерни! Ниту еден дел од стадионот (освен „свечената ложа“ која собира 5 луѓе) не е покриен па така столчињата беа полни со вода, а трибината на која се наоѓавме повеќе личеше на рушевина отколку на дел од стадион. На трибината останав околу половина час, се до голот на Ристиќ по кој почна да „истура“ дожд. Засолниште најдовме во кафеаната која се наоѓаше во подтрибинскиот простор каде на телевизија го догледавме остатокот од мечот.


Второ полувреме во кафеана поради лошите временски услови

На крај, заклучокот е дека пријателскиот натпревар со Албанија не беше најсреќен избор на ФФМ и селекторот Катанец. Ако патувањето во Манчестер минатата година претставуваше незаборавно фудбалско искуство, посетата на Албанија беше само обична прошетка. Колку добро го искористивме терминот за подготовка ќе се покаже дури во март на натпреварот против Хрватска.


Tags: football, Macedonia, Albania, репрезентација, фудбал, Македонија, Friendly.

12 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Вие сте се утепале по кафани шетање!?

11:01  
Blogger Ико рече...

Епа кога беше сонце ги немаше фудбалерите, а кога имаше натпревар се истури дожд... :)

11:28  
Anonymous Анонимен рече...

Мислам дека не вреди да се збори за однесувањето на љочкиве македонски. Иначе треба ли некој од кај нас ли дали сама УЕФА да поведе сметка за политичките скандирања и пароли на стадионите.
Или пак ова шиптарско лоби е поголемо и од институциите во Европа.

15:05  
Anonymous Анонимен рече...

Еј стварно не ми е јасно.Нели е даденпо до знаење дека нема да се толерира политика на стадионите. Еве го сега овој меч, потоа истите знамиња и пароли ги гледавме на стадионот на Шкендија????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

15:09  
Blogger Ико рече...

Епа тоа ти е тоа... Делегатот треба да реагира, ама многу е веројатно во многу случаи делегатите да не ја разбираат конкретната ситуација. Во таков случај, треба да има наш претставник кој ќе реагира, ама нема...

15:32  
Anonymous Анонимен рече...

Од каде да дојдат и кој да даде реагира кога имаат поважни работи.Туку Ико ти као покемпетентен кажи што бараше Лаки наш во Албанија кога човекот навреме си даде оставка

19:34  
Blogger Ико рече...

Има причина зашто беше во Албанија, но мене искрено не ми е јасна. Лаки е уствари организаторот на целото патување и пријателскиот натпревар и е еден вид „водич“ за целата репрезентација и делегација.

Најверојатно немало време некој друг да се подготви да го води патот, па Лаки иако у оставка го правеше тоа...

00:09  
Anonymous Анонимен рече...

Албанија беше лош избор. Требаше да избереме поквалитетна репрезентација од нашата, и натпреварот да го игравме на домашен терен. Нас ни фалат бодови од домашните мечеви, треба да се развива играта на домашен терне, не толку од оние како гости...

19:18  
Anonymous Анонимен рече...

Не е така лесно да се договори пријателски меч. Мислам дека мечот со Албанија беше најдоброто нешто што можевме да го извлечеме иако поубаво ќе беше да играме против Романија.

13:41  
Blogger Ико рече...

Можеби, ама па Романија договори со Италија... Ја одложија во последен момент, требаше ние да ги заебеме Албанците и да фатиме за Романија :-)

13:48  
Anonymous Анонимен рече...

Јас имав желба Дрогба и слоновите да ги видам на градски али скапи биле...

19:28  
Anonymous Анонимен рече...

Фала ти Ико за репортжава што ја имаш напишано. Ми даде пример како да напишам домашна работа(најозбилно). Поздрав од Охрид!!!

22:40  

Објави коментар

<< Дома