Чудни фудбалски правила

03 февруари 2007

Кога пред некое време седев на пиво со Владо, низ некој муабет ме потсети на еден текст кој го пишував во Club Football уште одамна. Денеска случајно ми падна во рака тој број од списанието (бр.14 април, 2006). Текстот ги опишуваше најчудните фудбалски правила кои ретко кој ги познава бидејќи ретко се практикуваат на натпреварите. Решив да пренесам 2 такви правила, ме интересира дали сте слушнале за нив?


Правила што не ги знаат ни судиите :-)

1. Замени
: знаете ли дека секој фудбалер кој е во игра има право да одбие да биде заменет? Да! Во ваков случај, никој нема право со сила да го избрка од теренот. Иако тренерот може да побара замена, фудбалерот кој не сака да биде заменет само треба да го извести судијата за својата одлука.

2. Пауза на полувремето: знаете ли дека капитените на двата тимови можат да се договорат да нема пауза меѓу двете полувремиња од еден натпревар? Да! Паузата од 15 минути е максимумот пропишан од ФИФА, а капитените се тие што во договор со судијата можат да одлучат паузата да трае помалку или воопшто да ја нема.

Интересно нели? Малку да ја разведриме атмосферата, некако не сакав да напишам „тежок“ текст околу мак-фудбалов, ќе оставам тоа за утре-задутре.


Tags: football, Macedonia, ClubFootball, правила, фудбал, Македонија, FIFA.

9 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

да многу чудни има некои го читав тој број а и предтоа глеав од уефа правилата.

02:43  
Blogger Vlado Apostolov рече...

Сине смени ја бојата на линковите. Не се чита:)

07:34  
Anonymous Анонимен рече...

кој знае зашто е оној полукруг кај 16-кот.

09:50  
Blogger Ико рече...

Владо, прегледај ги очите и купи си наочари :) Се шалам, планирам веќе одамна, ама требаше некој вака да ми каже, ќе го средам тоа.

Горјан, мислам дека тој полукруг е за да ги ограничи фудбалерите при изведувањето пенали. Мораат да бидат зад таа линија... така е?

11:55  
Anonymous Анонимен рече...

Haahhha.Interesno e ima uste?

15:22  
Blogger Ико рече...

Имаше повеќе, цел текст од 2 страни, овие ги издвоив како најинтересни :)

16:07  
Blogger Tod рече...

Ај бе не збори! Па Мидо лани на Купот на Африка што излезе, што не тераше инает до максимум

18:18  
Blogger Ико рече...

Па Мидо како што е неписмен, тешко дека знаел за правилово :)... Ако нешто не веруваш провери си ги правилата на www.fifa.com има и други интересни :)

18:20  
Anonymous Анонимен рече...

Ова за одморот меѓу полувремињата знаев дека може да се договара.Линијата е токму за тоа ,за пеналите.

20:12  

Објави коментар

<< Дома