Албанија - Македонија
05 февруари 2007
Утре заминувам во соседна Албанија за пријателскиот натпревар на нашата репрезентација против Албанија. Во однос на натпреварот, кажав и претходно низ коментарите: очекувам победа (0-2 ако мора да прогнозирам), но најважно ќе биде да се воиграат репрезентативците пред натпреварот против Хрватска.
Утре сум во Драч, а задутре во Скадар каде ќе се одигра натпреварот. Се надевам дека чудниот стадион на домаќините ќе биде полн до последно место. Ве поздравувам, а додека ме нема слободно можете да тркнете докај новиот член на „Македонската Заедница на Спортски Блогери“ (ова сега ми текна :-)) -> Тод (инаку минатогодишен шампион во Fantasy Premier League од Македонија).
П.С.
Ако се дограбам до интернет конекција во Албанија, ќе постирам по некоја слика и збор-два текст.
Tags: football, Macedonia, Albania, репрезентација, фудбал, Македонија, Friendly.
Малку чуден стадионов а?

8 коментари:
Зошто чуден.Од лева страна ќе се праи зграда долга и висока и ако ја дигнеле трибината ќе сметало и држело сенка.
Можеби Боро Ристевски ќе гради зграда околу стадионот :-)
А Зајак фала за промоцијата! Ајде среќен пат и да ми купиш некое сувенирче!
Хехе... Дај 2-3 илјади евра, жена да ти донесам од Пустец, на свадба да ти играме :-)
али ви се приближувам на фантази премиер,али јебига две кола каснам,али овие другиве што се лидери општо многу јаки поени, за двеста поени ви(лидери на blog.com.mk лигата) бегаат што би се рекло три добри кола (не просечни).
Ајде, отидов јас :-) Поздрав!
Кај си бе Ико? Што те нема уште? Да не остана ти во Пустец со некоја невеста? :)
Ајде сите чекаме на тебе како да ни ја доловиш малку атмосферата
Пристигнав денеска, се стабилизирам па утре ќе пишам на раат :)
Објави коментар
<< Дома