Бразил 2014

31 октомври 2007

Фудбалот се враќа дома? Страста за играта, традицијата, волјата на народот - тоа се причините поради кои организацијата му е доверена на Бразил... Се оддалечивме од техничките, финансиските и другите „модерни“ барања, а се доближивме кон традиционалното... Тоа ми се допаѓа.



П
а, нека им е со среќа, а здравје, се гледаме во Бразил за 7 години :-)




Tags: football, Macedonia, blog, FIFA, Brazil, WC2014.

Мора да ја победиме Хрватска!

26 октомври 2007

Страшна работа! Ни се заканува опасноста да не бидеме во 4. барабан во ждрепката за квалификациските групи за СП 2010! Како што веројатно знаете, паднавме 8 места на ранг-листата на ФИФА, а тоа во рамки на УЕФА значеше пад на 36. позиција, последна која води во 4. барабан.

Накратко што значи тоа: Ако сме во 4. барабан значи дека во квалификациската група ќе добиеме полесни противници т.е. само три посилни репрезентации од нас. Во овие квалификации влеговме од 5. барабан, а со тоа ги добивме Англија, Русија, Израел и Хрватска како посилни од нас. Доколку останеме во 4. каде што сме сега, на местото на репрезентација од рангот на Израел ќе бидеме ние, а покрај две репрезентации од калибарот на Естонија и Андора, ќе добиеме уште една слаба селекција од рангот на Ерменија, Австрија, Литванија, Азербејџан...

За да се случи ова, ќе мора да освоиме бодови против Хрватска, а и Израел! Со оглед на тоа што Хрватите се 10. во светот, доволно ни е нерешен резултат за да се обезбедиме, а и доколку загубиме, ни одговара и нерешен резултат против Израел. Значи целта е - најмалку 1 бод од следните два натпревари, за сами да си го заслужиме местото во 4. барабан, а не да се молиме за чудо на другите натпревари.


Репрезентациите од 28. до 36. место одат во 4. барабан, а од 37. до 45. во 5 барабан

Оние кои можат да не загрозат се Словенија, Исланд, Ерменија и Латвија. Ерменија игра на гости против Португалија и дома против Казакхстан. Латвија игра дома со Лихтенштајн и на гости против Шведска, а Исланд на гости против Данска. Словенија, тимот што ни е најблиску игра дома против Бугарија.

Португалија - Ерменија; Ерменија - Казакхстан
Латвија - Лихтенштајн; Шведска - Латвија
Данска - Исланд
Словенија - Бугарија

Нашите натпревари се:
17.0ктомври Македонија - Хрватска
21.октомври Израел - Македонија

Имаме еден бод предност, но и реално најтешки натпревари. Јас сум оптимист, имам некое чувство дека ќе поминеме добро со Хрватска, делумно поради традицијата на фаворитите да им „расипуваме“ на крајот на квалификациите, а делумно бидејќи мислам дека имаме квалитет да го завршиме тоа што го почнавме во Загреб, а судиската неправда ни го одзема.

Update: Сега ми текна дека на Хрватска и е доволен 1 бод во Скопје за мирно да патува во Англија со обезбеден пласман на Европско првенство. Нас најмногу би ни се исплатело ако дојдат тука со бункер, т.е. на „сигурна варијанта“, ама фудбалот се игра за победа...


Tags: football, Macedonia, blog, FIFA, UEFA, WC2010, Croatia, Euro2008.

Ре-дизајн :-)


Веќе ми стана навика... Ново дизајнче, малку да освежиме атмосфера. Не сум некој master of web design, па затоа (колку што знам) блогов изгледа нормално само во Firefox. Ако, пак, немате Firefox - не бидете ненормални: Download!

Оставам малку простор старите работи да заминат подолу...











Со фудбал продолжуваме од утре... Сега сум уморен :-)


Tags: football, Macedonia, blog, sport, design.

R.I.P.

17 октомври 2007

Ќе ни недостигаш. Навиваше за Македонија. Не можам во моментов да ја најдам неговата песна за проектот „Македонија навива“. Тој ја испеа навивачката химна на Македонија Ѓорче Петров (Download), а беше редовен на натпреварите. Ја имав честа да го запознаам.

Фотки: Со Борис од Антена5 на Олд Трафорд во Манчестер, со мене на аеродромот во Манчестер по историскиот резултат.

Блогери во Esport

11 октомври 2007

Во продажба е новото, октомвриско издание на Esport. Сепак, постот се однесува на следното издание. Редакцијата реши веќе од следниот број да одвои простор за блогерите од Македонија кои пишуваат за спорт.



Идејата ќе се реализира на следниот начин: Редакцијата ќе ги „листа“ спортските блогови во текот на месецот во потрага по текстови кои се напишани на истите теми како оние кои се обработуваат во списанието и оние за кои ќе сметаме дека се најквалитетни, ќе ги објавиме (секако со претходна дозвола од авторот) во склоп на самите текстови на темата напишани од редакцијата не Esport.

Идејата дојде уште минатиот месец по неколку многу интересни текстови на блоговите во врска со заминувањето на Жозе Мурињо од Челзи. Сепак, оставивме еден месец да ни созрее :-)

Би замолил сите оние блогери кои пишуваат за спорт (главно фудбал, кошарка и мотоспорт) во коментарите да ја остават својата адреса за да ни ја олеснат работата.
Се надевам дека сите ќе продолжите со квалитетни текстови како и досега, а ние освен што ќе ве промовираме, ќе им го направиме списанието поинтересно на нашите читатели.

Идеи? Забелешки? Повелете...


Tags: football, Macedonia, blog, sport, блогери.