Блогери во Esport

11 октомври 2007

Во продажба е новото, октомвриско издание на Esport. Сепак, постот се однесува на следното издание. Редакцијата реши веќе од следниот број да одвои простор за блогерите од Македонија кои пишуваат за спорт.



Идејата ќе се реализира на следниот начин: Редакцијата ќе ги „листа“ спортските блогови во текот на месецот во потрага по текстови кои се напишани на истите теми како оние кои се обработуваат во списанието и оние за кои ќе сметаме дека се најквалитетни, ќе ги објавиме (секако со претходна дозвола од авторот) во склоп на самите текстови на темата напишани од редакцијата не Esport.

Идејата дојде уште минатиот месец по неколку многу интересни текстови на блоговите во врска со заминувањето на Жозе Мурињо од Челзи. Сепак, оставивме еден месец да ни созрее :-)

Би замолил сите оние блогери кои пишуваат за спорт (главно фудбал, кошарка и мотоспорт) во коментарите да ја остават својата адреса за да ни ја олеснат работата.
Се надевам дека сите ќе продолжите со квалитетни текстови како и досега, а ние освен што ќе ве промовираме, ќе им го направиме списанието поинтересно на нашите читатели.

Идеи? Забелешки? Повелете...


Tags: football, Macedonia, blog, sport, блогери.

5 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

www.boki-romanticar.blog.com.mk
neka se prosiri poveke mas sportot takvi temi treba da ima najmnogu.pozdrav

19:02  
Anonymous Анонимен рече...

Одлична идеја. Ико секоја чест, ова е начин одредени луѓе да го промовираат она што го напишале на блог се разбира во еден од најдобрите спортски магазини во нашата држава

23:43  
Blogger Ико рече...

Фала, се надевам дека ова ќе биде дополнителен мотив за сите вас, а и дека промоцијата на текстови на блогерите во еден медиум ќе им донесе добри работи во животот. И јас лично почнав на блог, а сега сум главен и одговорен уредник на списание, можеби нешто слично ве чека и вас ;-)

03:50  
Anonymous Анонимен рече...

Што плачеш, па не ти идам на блог кога знам дека еден пост месечно пишуваш. Едино ми текнуе само кога ќе ме повикаш или кога ќе ми остаиш коментар. Арно убаво за ова иницијативава. Конечно бидна

16:34  
Anonymous Анонимен рече...

Благодаря за интересната информация

01:54  

Објави коментар

<< Дома