Мора да ја победиме Хрватска!

26 октомври 2007

Страшна работа! Ни се заканува опасноста да не бидеме во 4. барабан во ждрепката за квалификациските групи за СП 2010! Како што веројатно знаете, паднавме 8 места на ранг-листата на ФИФА, а тоа во рамки на УЕФА значеше пад на 36. позиција, последна која води во 4. барабан.

Накратко што значи тоа: Ако сме во 4. барабан значи дека во квалификациската група ќе добиеме полесни противници т.е. само три посилни репрезентации од нас. Во овие квалификации влеговме од 5. барабан, а со тоа ги добивме Англија, Русија, Израел и Хрватска како посилни од нас. Доколку останеме во 4. каде што сме сега, на местото на репрезентација од рангот на Израел ќе бидеме ние, а покрај две репрезентации од калибарот на Естонија и Андора, ќе добиеме уште една слаба селекција од рангот на Ерменија, Австрија, Литванија, Азербејџан...

За да се случи ова, ќе мора да освоиме бодови против Хрватска, а и Израел! Со оглед на тоа што Хрватите се 10. во светот, доволно ни е нерешен резултат за да се обезбедиме, а и доколку загубиме, ни одговара и нерешен резултат против Израел. Значи целта е - најмалку 1 бод од следните два натпревари, за сами да си го заслужиме местото во 4. барабан, а не да се молиме за чудо на другите натпревари.


Репрезентациите од 28. до 36. место одат во 4. барабан, а од 37. до 45. во 5 барабан

Оние кои можат да не загрозат се Словенија, Исланд, Ерменија и Латвија. Ерменија игра на гости против Португалија и дома против Казакхстан. Латвија игра дома со Лихтенштајн и на гости против Шведска, а Исланд на гости против Данска. Словенија, тимот што ни е најблиску игра дома против Бугарија.

Португалија - Ерменија; Ерменија - Казакхстан
Латвија - Лихтенштајн; Шведска - Латвија
Данска - Исланд
Словенија - Бугарија

Нашите натпревари се:
17.0ктомври Македонија - Хрватска
21.октомври Израел - Македонија

Имаме еден бод предност, но и реално најтешки натпревари. Јас сум оптимист, имам некое чувство дека ќе поминеме добро со Хрватска, делумно поради традицијата на фаворитите да им „расипуваме“ на крајот на квалификациите, а делумно бидејќи мислам дека имаме квалитет да го завршиме тоа што го почнавме во Загреб, а судиската неправда ни го одзема.

Update: Сега ми текна дека на Хрватска и е доволен 1 бод во Скопје за мирно да патува во Англија со обезбеден пласман на Европско првенство. Нас најмногу би ни се исплатело ако дојдат тука со бункер, т.е. на „сигурна варијанта“, ама фудбалот се игра за победа...


Tags: football, Macedonia, blog, FIFA, UEFA, WC2010, Croatia, Euro2008.

12 коментари:

Blogger Losteech рече...

Јас би се задоволил со еден бод против Хрватска...а верувам и тие.

14:32  
Blogger Ико рече...

Да, тоа заборавив да пишам, дека Хрватска со еден бод сигурно оди на Европско првенство. Сега ќе направам update.

15:58  
Anonymous Анонимен рече...

Не сум 100 посто сигурен, но мислам дека во следните квалификации ќе има по 6 репрезентации во група, а не седум како досега.

18:11  
Anonymous Анонимен рече...

Ма кој ги врти, каков бод. Јас мислам дека треба да ги тепаме. не за друго туку поради педерчено Просинечки. Сега се лигават нешто ово оно. Мерак ми е и посакувам сценарио како кога Ставревски има го заби на Ирците... Не кријам дека не ги сакам Хрватите, не сум ги сакал а и ниту ќе ги сакам. Сум спомнал дека секогаш сум контра екс Ју републиките, оние кои ме знаат знаат и зошто е така.

21:00  
Blogger Ико рече...

@лавот: Ќе има 9 групи од кои 7 ќе бидат со по 6, 2 со по 7 тимови... Секој барабан има по 9 репрезентации, а има 6 барабани + кусур 2 репрезентации :-)

@Дарко: И јас како тебе, за разлика од мнозинството луѓе, немам некои особени симпатии кон соседните или екс-Ју републиките - не можам да кажам дека ги мрзам, ама во секој случај повеќе навивам за една Италија отколку Србија или Хрватска.

Хрватите самите знаат како им се тресеа нозете на полувреме на Максимир и мислам дека и сами се свесни на каков педерски начин не победија. А, да - со оглед на тоа како не понижуваше простакот Просинечки, мислам дека мораме да им приредиме „топол“ пречек на Градски. Се надевам дека ќе биде преполно и ќе ги боли многу кога ќе загубат од нас, а после тоа и на гости во Англија и да не се пласираат на Европско... Кој ги врти...

04:43  
Anonymous Анонимен рече...

Оуууу за такво сценарио частам...

23:11  
Blogger @leks рече...

Поздрав до сите вљубеници и подржувачи на Мак Спортот- фудбалот.
Се согласувам дека ќе биде тешко против хрватска, има неколку сценарија што ќе се случат, пред се на хрватите им треба само бод за да сотанат во игра за 1-во место, а ние играме за престиж, каде и не се сеќавам баш добро, ама мислам дека немам триумф над нив, па мислам дека би ни било добредојдено една таква победа над нив и да ги оладиме малку (Просинечки сељакот)
Поздрав Македонци!!!!

11:35  
Blogger Ико рече...

Колку за информација, никогаш не сме ги победиле, имаме само 2 нерешени натпревари и 6 порази ако не се лажам...

11:45  
Blogger @leks рече...

Па така и си мислев, само не бев сигурен. Што значи дека добро би ни дошла една победа во ова време, едно за подигнување на рејтингот, пред се за да бидеме во 4-ти шешир и второ за да им вратиме на Хрватите за оној несреќен пораз во Загреб. Инаку ги мразам сите Поранешни YU-републики, почнувајќи од Србија, па до горе таму, како и овој наш Среќко (НЕСРЕЌКО), мислам дека овие резултати ќе беа и со некој друг селектор, макар бил и домашен. Среќко беше донесен за подобри резултати за некој шешир погоре, а не за во 5-ти...!
Поздрав

11:53  
Anonymous Анонимен рече...

Sport S:
Катанец треба да остане под итно. Иако не донесе некои нови резултати,сепак успеа малку да ја живне оваа репрезентација и да им докаже дека можат,иако пак падна моралот кај фудбалерите. На почетокот на квалификациите сите викаа браво за Катанец вака-така,а сега сите го плукаат. Кога само би останал за следниот циклус,мислам дека ќе биде подобро. Треба да му се даде втора шанса. А за Хрвативе,да бидам искрен,горам од желба да ги победиме. Не мразам никој од екс-Ју Републиките,иако сега се однесуваат кон нас како никогаш да не сме биле заедно и ко од Африка да сме се доселиле пред 15 години. Нека им биде на чест,но ние можеме против Хрватска,ко прво заради она ѓубра Просинечки,ко второ за подобар рејтинг,ко трето за навивачите,ко четврто зашто едноставно нели играме против Хрватска,екс-Ју Република и силна репрезентација. Ко петто,зошто да ги пуштиме да одат на ЕП,кога може и да не одат,нели. Можеме ние против Усташите.

10:34  
Blogger Ико рече...

Осеќам дека ќе правиме една анти-Просинечки кампања пред натпреварот со Хрватска :-) Се согласувам со тебе!

10:38  
Anonymous Анонимен рече...

Sport S:
Ќути,ми иде цигарава од неговиве слики да ја изгасам. Порано многу го почитував,но на мечот против нас видов дека е гомно малограѓанско простачко. Суруш.

11:53  

Објави коментар

<< Дома