Живи ли сте? :-)

26 февруари 2012

Хелоу :-)

Многу ме интересира дали уште живее стариот „блогерски свет“ :-) Си го видов блогов и немам постирано ништо уште од Ноември - 2007 година !!! И да Ви кажам право ме фати малку жал, па еве вака еден општ пост чисто за мерак... Можеби и ќе се вратам ;-)

Катастрофа...

25 ноември 2007

Добивме страшна група!!! Штета, немаме среќа, влеговме во 4. барабан, ама бевме тешки малеришта на ждрепкава... А можеше да ни се паднат Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Црна Гора... Не ми се оствари ниту една желба.



По малку се тешам со тоа што против силните репрезентации секогаш играме добро, ама од друга страна, Шкотска, Норвешка и Исланд се силни, ама не се атрактивни. Холандија ни се пациенти :-)

Уживајте

17 ноември 2007

Драги мои, ја имаме таа чест да бидеме сведоци на најдобриот резултат во историјата на Македонскиот фудбал: победа против 10-тата светска сила. И тоа со 2:0. Па, уживајте во привилегијата :-)

Непријател бр.1

01 ноември 2007

Натпревар: кој ќе најде подобра фотка и поубаво ќе го навреди Роберт Просинечки.
Награда: билет за Македонија - Хрватска.

Карикатура

Дарко100%Спорт: Педерчено Просинечки
@leks: Просинечки сељакот
Sport S: Oна ѓубрe Просинечки гомно малограѓанско простачко. Суруш.


Просинечки си чепка нос

Update: Уште една „еротска“ фотографија од Просинечки благодарение на 24Фудбал



Tags: football, Macedonia, blog, Prosinecki, Katanec, Croatia.

Бразил 2014

31 октомври 2007

Фудбалот се враќа дома? Страста за играта, традицијата, волјата на народот - тоа се причините поради кои организацијата му е доверена на Бразил... Се оддалечивме од техничките, финансиските и другите „модерни“ барања, а се доближивме кон традиционалното... Тоа ми се допаѓа.



П
а, нека им е со среќа, а здравје, се гледаме во Бразил за 7 години :-)




Tags: football, Macedonia, blog, FIFA, Brazil, WC2014.

Мора да ја победиме Хрватска!

26 октомври 2007

Страшна работа! Ни се заканува опасноста да не бидеме во 4. барабан во ждрепката за квалификациските групи за СП 2010! Како што веројатно знаете, паднавме 8 места на ранг-листата на ФИФА, а тоа во рамки на УЕФА значеше пад на 36. позиција, последна која води во 4. барабан.

Накратко што значи тоа: Ако сме во 4. барабан значи дека во квалификациската група ќе добиеме полесни противници т.е. само три посилни репрезентации од нас. Во овие квалификации влеговме од 5. барабан, а со тоа ги добивме Англија, Русија, Израел и Хрватска како посилни од нас. Доколку останеме во 4. каде што сме сега, на местото на репрезентација од рангот на Израел ќе бидеме ние, а покрај две репрезентации од калибарот на Естонија и Андора, ќе добиеме уште една слаба селекција од рангот на Ерменија, Австрија, Литванија, Азербејџан...

За да се случи ова, ќе мора да освоиме бодови против Хрватска, а и Израел! Со оглед на тоа што Хрватите се 10. во светот, доволно ни е нерешен резултат за да се обезбедиме, а и доколку загубиме, ни одговара и нерешен резултат против Израел. Значи целта е - најмалку 1 бод од следните два натпревари, за сами да си го заслужиме местото во 4. барабан, а не да се молиме за чудо на другите натпревари.


Репрезентациите од 28. до 36. место одат во 4. барабан, а од 37. до 45. во 5 барабан

Оние кои можат да не загрозат се Словенија, Исланд, Ерменија и Латвија. Ерменија игра на гости против Португалија и дома против Казакхстан. Латвија игра дома со Лихтенштајн и на гости против Шведска, а Исланд на гости против Данска. Словенија, тимот што ни е најблиску игра дома против Бугарија.

Португалија - Ерменија; Ерменија - Казакхстан
Латвија - Лихтенштајн; Шведска - Латвија
Данска - Исланд
Словенија - Бугарија

Нашите натпревари се:
17.0ктомври Македонија - Хрватска
21.октомври Израел - Македонија

Имаме еден бод предност, но и реално најтешки натпревари. Јас сум оптимист, имам некое чувство дека ќе поминеме добро со Хрватска, делумно поради традицијата на фаворитите да им „расипуваме“ на крајот на квалификациите, а делумно бидејќи мислам дека имаме квалитет да го завршиме тоа што го почнавме во Загреб, а судиската неправда ни го одзема.

Update: Сега ми текна дека на Хрватска и е доволен 1 бод во Скопје за мирно да патува во Англија со обезбеден пласман на Европско првенство. Нас најмногу би ни се исплатело ако дојдат тука со бункер, т.е. на „сигурна варијанта“, ама фудбалот се игра за победа...


Tags: football, Macedonia, blog, FIFA, UEFA, WC2010, Croatia, Euro2008.