Почна!!!

31 август 2005

Ајдеее! Почнаа фудбалите. Првенствата во сите земји се започнати и во тек. Најпрво сакам да прокоментирам за Англија. Челзи повторно гази, но не ме воодушевува со играта. Иако ваквата игра која ја поставил Мурињо им носи резултат, чувствувам дека во многу скоро време ќе биде разбиена и тоа може да ги чини Челзи титула, доколку немаат резервна варијанта. Исто така скептичен сум околу можностите на Креспо и Дрогба (Гудјонсен не е класичен шпиц) да одиграат во топ форма цела сезона, а тоа може да биде проблем зошто немаат класичен “трет напаѓач“ кој би улетал кога некој од овие падне во формата или се повреди. Манчестер изненадија со стартот но сега ги очекуваат вистинските натпревари па ќе видиме дали можат во вакво темпо да издржат цела сезона. Јас и покрај добриот старт на Манчестер, не им давам шанси за пласман меѓу првите 3 на крајот на сезоната. Овој состав нема длабочина....одбраната е некако тенка, а неможат да се потпираат на Флечер цела сезона во средината...ќе видиме. Кај Арсенал видливо е отсуството на Виеира. Арсенал има игра, но Фабрегас и Жилберто Силва не се дуо од кое може да очекувате првокласни перформанси. Ќе страдаат оваа година во дерби натпреварите. Ливерпул како и минатата сезона има стабилна одбрана и дефанзивен среден ред, и ми личат на една многу компактна екипа, па така да – во нив гледам кандидат за првите три позиции во Премиер лигата. Манчестер сити е екипата која си ја засакав поради Ањелка, Фаулер, Мекманаман па иако не навивам за ниедна екипа од Премиер – сепак тие се мои фаворити. Многу очекувам и од Тотенхем кои би требало да им направат проблем на фаворитите за пласман меѓу првите 4 места (посебно по потпишувањето со Давидс и Џенас, како и Ли од ПСВ). Њукасл има капацитет за УЕФА куп (6-7 место).

Моја прогноза: Челзи – шампион, Ливерпул 2-ро место, Тотенхем 3-то, Манчестер/Арсенал – 4то место.

100% сум сигурен дека вака ќе изгледа табелата на крајот, па после кога ќе ви го откопам текстов од архива....леле леле!!!

П.С.
Вчера се појави информација/шпекулација дека Манчестер Сити е заинтересиран да го прибере Дел Пиеро доколку Касано дојде во Јувентус. Многу се израдував поради како прво: Во Касано го гледам новиот Дел Пиеро, Второ: Во Дел Пиеро го гледам новиот Џанфранко Ѕола.

Репрезентацијаааа

18 август 2005

Што е потребно за да се изгради успешна репрезентација?

  1. ОРГАНИЗАЦИЈА. Организација и менаџирање на репрезентацијата од страна на ФФМ. Тоа подразбира најпрво објавување конкурс за селектор, кој ќе мора да исполнува некои норми, а не како досега, 3-4 луѓе во ФФМ одат од тренер на тренер и нудат селекторска позиција. Треба да се објави конкурс и тренерите кои имаат желба да бидат селектори да се пријават. На конкурсот ќе победи тој што има најдобра комбинација од фудбалско искуство и образование, добри резултати зад него...и.т.н. Е сега, откако ќе поставите селектор, треба да му обезбедите СЕ што му треба за да работи нормално! Селекторот да има слобода да си донесе свои соработници, кои ќе бидат на платен список и кои ќе имаат одредени задачи. Да се одреди постојана тренинг база на репрезентацијата (а не еднаш тренираат на Чаир, па на Цементарница, па на Градски, па на помошниот терен...), да се определи постојано престојувалиште (а не како досега, репрезентацијата смени 100 хотели – Бест Вестерн, Панорама, Карпош...). НЕ СМЕЕ да има никакви пропусти во целокупната организација (каснење и одложување на авионски летови и тренинзи, се расипал автобусот, селекторот дошол покасно и сл.).
  2. ПАРИ. Не требаат некои милионски суми. Пред секој кфалификациски циклус да се одредат премиите за секој натпревар, а што е уште поважно да се одредат и казните. И не треба репрезентативците да чекаат по 2-3 месеци за премија, туку веднаш после натпреварот во соблекувалната да ги чека сумата која ја заслужиле.
  3. ПРОГРАМА. Не годишна програма, или 2-годишна...туку 10 годишна програма. Не можеме на секој кфалификациски циклус да му приоѓаме со мислата “Е сега му е мајката!“. Треба програма (која за крајна цел ќе има некаков реален дострел на нашиот фудбал, на пример целта за следните кфалификации да биде да стигнеме до 3-то место) која доколку не се исполни, тие што ја донеле ќе мора да си заминат. Значи да појаснам, доколку правевме програма и план за овој циклус кфалификации, наша цел би требало да биде освојување на 14 бода во групата (со кои ќе се пласиравме на 4-тото или 3-тото место). Значи да се влезе во кфалификацискиот циклус со цел да ја победиме два пати Андора (6 бода), два пати Ерменија (6 бода) и да бркаме нерешен резултат против Романија на домашен терен и против Финска исто така (2 бода). Тоа се 14 бода! А со комбинација на моментална мотивираност и среќа ќе дојдевме до уште некој бод (ремито со Холандија дома и да имавме повеќе среќа немаше да загубиме во Романија во судиското продолжение). Значи откако ќе бидат познати нашите противници во следниот циклус да се направи план кој реално ќе соодветствува со нашите реални можности. Не треба да се бара пласман на Европско или Светско првенство. Најпрво треба еднаш да го освоиме 3-тото место во групата, и во следните кфалификации, ние ќе бидеме во тој трет барабан што значи дека наместо да ни се падне екипа од калибарот на Романија, ќе добиеме противник од нашиот сегашен ранг (такви се на пр. Естонија, Грузија, Албанија...). Потоа наша цел треба да е второто место во групата и.т.н.
  4. СЕЛЕКТОР. Не би сакал да давам конкретен предлог кој би требало да биде селектор. Само знам дека човекот на таква функција треба најпрво добро да ги запознае играчите, и да смисли тактика која највеќе ќе одговара на моменталниот фонд на играчи. Ако сме најсилни во дефанзивната линија тогаш нека биде тоа и дефанзивна тактика – неможеме ако немаме напаѓачи да пробуваме да играме напаѓачки фудбал, нели? Не треба како сега селекторот да се жали дека немаме доволен фонд на играчи од средниот ред – тоа е тоа Сантрач! Ти си тој кој треба да смисли игра без такви играчи...неможеме да чекаме да се роди некој таков.
  5. ИГРАЧИ. Во репрезентацијата да настапуваат играчи кои се подготвени да одиграат 90 минути силен фудбал со многу трчање! Да се направи костур на репрезентацијата од оние кои никогаш не разочарале со настапот (Седловски, Васовски, Новевски, Пандев....па и Маџовски). Да се знае кој е капитен а кој заменик. Кој ги изведува пеналите и.т.н.
  6. ПОДДРШКА. Несебична поддршка од медиумите, навивачите и сите инволвирани. Тие што “се откажале од македонскиот фудбал“ нека не доаѓаат на стадион!

Кога јас би бил селектор...еве ја мојата екипа:

Маџовски

Васовски Седловски(к) Новевски

Шумоликовски

Гроздановски Игњатов Пејчиќ

Пандев

Мазнов Наумовски

Маџовски ме импресионираше (иако првиот гол на Финска беше и негова грешка). Во одбраната би играле со тројца класични централни бекови кои не би оделе подалеку од нашата половина (евентуално за корнер, нафрлување...). Шумоликовски (или евентуално А.Митревски) треба да биде деструктивецот играч пред одбраната кој ќе ги храни со топки креативците на средината на чело со Игњатов. Игњатов би ја имал улогата на плејмејкер во екипата, со што би завршувал и дел дефанзивни задачи на средината. Гроздановски како десно крило а Пејчиќ како лево крило (вториов наскоро добива МКД пасош и ќе игра за репрезентација). Пандев би функционирал како полу-шпиц и би соработувал често со крилните играчи (двојни додавања и вкрстувања) а би се уфрлал и во шеснаесетникот. Во нападот мислам дека Мазнов и Илчо Наумовски се нашиот најдобар избор во моментов (Илчо дал 2 гола за неговата екипа викендов што помина).

Резерви во одбраната би биле Кралевски, Игор Митревски...во средината Тасовски, А.Митревски, Нухиу, Исмаили (оној малиот и брзиот од Шкендија)... и.т.н.

Што мислите вие?!