Почна!!!

31 август 2005

Ајдеее! Почнаа фудбалите. Првенствата во сите земји се започнати и во тек. Најпрво сакам да прокоментирам за Англија. Челзи повторно гази, но не ме воодушевува со играта. Иако ваквата игра која ја поставил Мурињо им носи резултат, чувствувам дека во многу скоро време ќе биде разбиена и тоа може да ги чини Челзи титула, доколку немаат резервна варијанта. Исто така скептичен сум околу можностите на Креспо и Дрогба (Гудјонсен не е класичен шпиц) да одиграат во топ форма цела сезона, а тоа може да биде проблем зошто немаат класичен “трет напаѓач“ кој би улетал кога некој од овие падне во формата или се повреди. Манчестер изненадија со стартот но сега ги очекуваат вистинските натпревари па ќе видиме дали можат во вакво темпо да издржат цела сезона. Јас и покрај добриот старт на Манчестер, не им давам шанси за пласман меѓу првите 3 на крајот на сезоната. Овој состав нема длабочина....одбраната е некако тенка, а неможат да се потпираат на Флечер цела сезона во средината...ќе видиме. Кај Арсенал видливо е отсуството на Виеира. Арсенал има игра, но Фабрегас и Жилберто Силва не се дуо од кое може да очекувате првокласни перформанси. Ќе страдаат оваа година во дерби натпреварите. Ливерпул како и минатата сезона има стабилна одбрана и дефанзивен среден ред, и ми личат на една многу компактна екипа, па така да – во нив гледам кандидат за првите три позиции во Премиер лигата. Манчестер сити е екипата која си ја засакав поради Ањелка, Фаулер, Мекманаман па иако не навивам за ниедна екипа од Премиер – сепак тие се мои фаворити. Многу очекувам и од Тотенхем кои би требало да им направат проблем на фаворитите за пласман меѓу првите 4 места (посебно по потпишувањето со Давидс и Џенас, како и Ли од ПСВ). Њукасл има капацитет за УЕФА куп (6-7 место).

Моја прогноза: Челзи – шампион, Ливерпул 2-ро место, Тотенхем 3-то, Манчестер/Арсенал – 4то место.

100% сум сигурен дека вака ќе изгледа табелата на крајот, па после кога ќе ви го откопам текстов од архива....леле леле!!!

П.С.
Вчера се појави информација/шпекулација дека Манчестер Сити е заинтересиран да го прибере Дел Пиеро доколку Касано дојде во Јувентус. Многу се израдував поради како прво: Во Касано го гледам новиот Дел Пиеро, Второ: Во Дел Пиеро го гледам новиот Џанфранко Ѕола.

4 коментари:

Blogger Здраве рече...

Зашо мислам дека челзи ќе го папа оваа година ?

04:11  
Blogger Ико рече...

Најверојатно зошто не ти се свиѓа нивната игра...иако играат стабилно, оставаат впечаток дека “се вадат“ и едвај победуваат.

10:36  
Anonymous Анонимен рече...

абе брат зборевмо мие за Касано,братот ќе остане у Рома и не знам како може Дел пиеро легендата на Јуве да го шитна у манчестер сити.Ти како прав навијач на Јуве треба да го сакаш дел пиеро да го почитуеш.FORZA ROMA-ROMA CHAMPION
Цале

13:23  
Blogger Ико рече...

Дел Пиеро е мој омилен играч...во исто време, Манчестер Сити е клуб кој највеќе го сакам во Англија (не сум особено некој навивач ама го засакав заради МекМанаман, Фаулер, Ањелка, Рајт Филипс....)

Затоа малку ме израдува тоа.

Како и да е, од тој тренсфер нема ништо.

:)

14:07  

Објави коментар

<< Дома