Се вратив!

30 јуни 2006

Незадоволен од блог.ком.мк, се решив да се вратам на местото каде што започна мојата “блогерска кариера“. Незнам за вас но мене овој блог ми го промени животот за 360 степени. Текстовите кои ги објавував тука беа мојата “виза“ за влез во новинарските води и сега сум горд што сум дел од една супер екипа која работи на единствениот фудбалски магазин во нашава земја.

За оние кои ме познаваат (лично или ме читале) немора да спомнувам дека покрај овој блог го имам и Јувентус Фан Блогот кој е чисто за мој мерак и кој опстојува и понатаму без разлика што не наидов на многу фанови на Јуве по македонскиов интернет простор. Овој блог е нешто сосема поразлично и нема да има никаква врска со мојата љубов за “старата дама“ туку ќе се однесува на фудбалот воопшто. Ќе се трудам да бидам објективен и реален како и секогаш досега.

Овој блог ќе биде мојата “база“ во иднина додека текстовите објавени тука ќе можете да ги прочитате и на Football Macedonia - блогот на еден сосема друг блог-сервис каде можете на едно место да ги прочитате текстовите на повеќе спортски блогери од нашава земја.

Деновиве ќе финиширам и со последните исправки на дизајнот и ќе продолжам со нормално постирање.

Како што веројатно видовте, новата адреса на блогот е http://footballmacedonia.blogspot.com/ - така да сменете ги линковите до блогов (доколку имате).

Поздрав!



Technorati: Фудбал, FootballMacedonia.