Пу! Пу! Не важи!

29 мај 2007

Тие што го следат блогот знаат дека ретко се истрчувам со изразување мислење или коментар за некоја ситуација, но во случајот со избор на национален дрес (MKSportID) признавам дека избрзав.

Иако сакав порано да го постирам текстов, не успеав да најдам време, но се уште не е доцна.



Откако се сретнав со Марјан од IDMacedonia ми беа разјаснети голем дел од нејасните работи во врска со изборот за национален дрес. Се сретнав со човекот за потребите на новиот број на Esport каде ќе има повеќе детали за изборот на дрес и пријатно ме изненади што тој го читал мојот блог и беше расположен да одговори на сите дилеми.

Пред да поентирам, морам да повторам дека немам симпатии кон ниту еден од трите предложени дизајни за дресови и мислам дека во Македонија има луѓе кои можат да направат подобро, но ВКУСОВИТЕ НА СТРАНА! Вкусот не е нешто за кое се дебатира. Благодарение на средбата со луѓето од IDMacedonia, ми беа разјаснети многу детали кои досега не ми беа познати и сакам јавно да ја истакнам мојата поддршка за проектот!

Изборот е тој. Вие ја имате можноста да гласате. Ако не гласате, ќе пропуштите да бидете дел од историјата. Кога веќе се решив да гласам, го дадов својот глас за дресот број 1, особено откако ги погледнав дополнителните цртежи кои ми ги посочи Предраг Ристиќ.

Штом ќе заврши гласањето, ќе ги објавам дизајните кои ги собрав, а кои не влегле во финалниот избор, а како есктра информација и тоа дека ќе биде организирана посебна изложба со сите пријавени дизајни за дресови.


Tags: football, Macedonia, dress, MKSportID, design, Македонија, дресови, Esport.

1 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Ја ти реков еднаш и пак ќе ти речам мислам дека не сум сигурен околу најискрените намери на проектот. Може и грешам али тоа е сепка само став. Не ми се допшаѓа ни еден дрес а како што рече дека ќе има доработки може и нешто ќе испадне нешто интересно на крај. Сепак на крај мислам дека има многу други поважни работи кои треба да си дојдат на место па да е важен и идентитетот во поглед на дизајн на репрезентативните обежја. Ние и така го губиме спортскиот идентитет на најжниот начин а изборот на дизајн за дрес е само мометално безцелно.

16:04  

Објави коментар

<< Дома