Иницијатива: MKSportID

08 мај 2007

Ентузијазмот на почетокот на акцијата за избор на нов национален дрес за сите спортски репрезентации беше голем. Сепак, како што се ближиме до конечниот избор, незадоволството кај луѓето од самиот избор е очигледно и тоа ме натера да покренам една интересна иницијатива.

Со ред, првите контраверзи се појавија со пишувањата на Дневник (како што разбрав) дека Каролина фаворизирала еден дрес, но подоцна се испостави дека новинарот грешел и следеше демант - Каролина на својот концерт ги презентирала сите три дресови.

Втората контраверзна ситуација е тоа што вчера на А1 ја немаше најавената емисија, не знам од кои причини кога цел викенд одеа реклами и најави?!


Најавената емисија уште ја нема

Трето е самиот избор. По форумите кои ги посетувам и неколку блогови, луѓето јасно го искажаа своето незадоволство од трите финални решенија за кои треба да се гласа.

Затоа, како уредник на единствениот спортски магазин кај нас, Esport, покренав иницијатива за објавување во јавноста и на останатите дизајни кои не влегле во потесниот избор. Контактирајте ме ако сте заинтересирани да го објавите вашиот дизајн што сте го пријавиле на конкурсот, а мислите дека е подобар од 3те финалисти.


Ова најмногу личи на фудбалски дрес
од 3-те понудени решенија


Чекам и ваш коментар за целата ситуација.

Мојот личен став е дека главната грешка е кај спортските федерации и прашањето до нив е: според кој критериум им ја доверија организацијата на оваа акција токму на оваа агенција (ID Macedonia)? Втората спорна ситуација е самата жири-комисија - не сум компетентен да кажам дали изборот на членови на ова жири е во ред, но сакам да прашам кој е компетентниот што го направил изборот на жирито?


Лавот е дефинитивно најуникатен дизајн :)

Последно и можеби најважно за конечниот епилог е поврзано со производителите на спортска опрема. Сите големи компании (Nike, Adidas, Puma...) имаат свои дизајни секоја година во кои подоцна се вклопуваат идеите на самите клубови, репрезентации... Ниту еден
од дизајните не е „компатибилен“ со ниту еден дизајн на спортски дресови кој се произведува во моментов. Дали некој се консултираше со производителите на спортска опрема и ги праша дали ќе можат да го изведат ова?


„Облека за дворски шут или кловн“ -
најчестиот коментар за овој дрес

Црното сценарио на кое помислувам е појавување на некоја домашна компанија која ќе ги произведува дресовите, но не сакам да верувам дека тоа ќе се случи - замислете колкава пара е во игра за тој што ќе го „лапне“ тендерот (ако има тендер, нели) за производство на дресовите на сите спортски репрезентации што ги имаме. А квалитетот на материјалите? За тоа во следниот пост на оваа тема.

Веќе добив 10-тина дизајни кои мене лично многу повеќе ми се допаѓаат од сите 3 финални решенија. Очекувам уште!

С
осем за крај линк за тие што сакаат да гласаат за едно од 3-те понудени решенија: MKSportID.

Јас нема да гласам. Би имал грижа на совест доколку ја видам фудбалската репрезентација во нешто вакво на терен.


Tags: football, Macedonia, dress, MKSportID, design, Македонија, дресови, Esport.

6 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Кога ќе ги видиме ние другите дизајни што ти пристигнале?

15:02  
Blogger Ико рече...

Пола ми се на компјутерот на работа, а пола дома, кога ќе ги соберам сите ќе направам една цела галерија и ќе ги објавам.

Ги има навака-натака по форуми и блогови некој што си го објавил, ама мислам дека тука ќе ги соберам сите комплет.

15:07  
Anonymous Анонимен рече...

Прво која глупост е да се бираат дресови. Како да бираме мис или некое слично срање. Фала богу дека сите знаат дека секоја репрезентација игра во моделот и дезенот на големите производители. Може да има само мала корекција ии избор на екипата која сепак ја нудат производителите. Еве на пример Ливерпул има крагња на Адидас дресовите а Реал нема .Или пак Ливерпул заблени линии на задниот дел од дресот а Реал има. На што личи бе она дресот со лавот??? Срамота е бе, па ни Бафана Бафана не носеа толку бед дресови 94 у Америка на Светското.
Eve link od dresovite na J . Afrkia
http://planetfoot.tripod.com/tratar.jpg

15:08  
Blogger Ико рече...

Јас не би се сложил дека е глупост, но можеби е глупост што се бираат на ваков начин...

Имаме доволно историско и културно наследство, државни обележја и моменти од кои можеме да избереме еден мотив и да го претставиме во еден дизајн...

Јас би собрал група графички дизајнери, модни креатори, спортисти и можеби спортски новинари, а и претставници на спортски производители и луѓе од странство што дизајнирале дресови, па сите заедно да седнат и да направат еден дрес.

15:11  
Anonymous Анонимен рече...

Ајде бе Ико не дупи, Бразил и Франција играат у што ќе им дадат ...ние ќе бираме мотиви и слични срања. Ете добар е тој вториот дрес што изгледа најприкладно од сите три.

12:44  
Blogger Ико рече...

Не, не. Секој си прави свој дизајн т.е. мотив. Некои се решаваат како налог на производителот да му дадат само бои, други додаваат и по некоја линија, трети цела шара, ленти бла бла бла...

Производителите го прават моделот, а потоа се координираат со желбите на тимот, па прават некаков компромис...

А дека треба национален идентитет - треба! Ама не со сила! Од ова ништо не чини!

13:14  

Објави коментар

<< Дома