Нов додаток на блог

14 јануари 2007

Утринава блогов доби еден нов дел кој мислам дека на сите вас ќе ви биде (повеќе или помалку) интересен. Се работи за делот Распоред и резултати до кој можете да пристапите преку горното мени.



В
о овој дел од блогот ќе ги најдете распоредот, резултатите и табелите поврзани со домашното првенство и репрезентацијата на Македонија. Податоците ќе бидат благовремено ажурирани. Интересна работа за сите може да биде „водичот за натпревари“ во кој препорачувам по еден натпревар од домашното првенство во секое коло за кој ќе имате комплетни информации како да го посетите, каде се наоѓа стадионот, колку ќе ве чини билет, каде да најдете паркинг место и сл.



С
е надевам дека често ќе го посетувате овој дел од блогот со намера да посетите некој од фудбалските натпревари бидејќи на мак-фудбалот му треба публика на стадионите, а вас (фудбалските фанови) нема да ве чини многу да одвоите 2 часа од вашето слободно време за да гледате фудбалски натпревар.

Да не должам, Македонското првенство и посетеноста на стадионите е долга и опширна тема на која ќе пишувам понатаму, ѕирнете што има во делот Распоред и резултати и можете да ме дополните со некоја информација, да ме советувате како да го подобрам или едноставно да коментирате за одиграните и натпреварите кои ќе се одиграат во коментарите од тој дел.

П.С.
Сликите се позајмени од сајтот на ФФМ, тоа додека не издизајнирам свое лого за Првата лига и репрезентацијата :-)


Tags: football, Macedonia, results, schedule, распоред, резултати, прва лига, репрезентација, табела, фудбал, Македонија.

10 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Здраво друже. Твојот пост за Мурињо што ми го препорача го имам прочитано уште кога го објави. Само сакам да те прашам, каде мжам да ја набавам книгава? Со големо задоволство би одвоил време да ја прочитем.

01:47  
Blogger Ико рече...

Не сум сигурен бидејќи јас не ја купив туку ми беше позајмена. Ако сакаш ќе се распрашам, па ќе ти пишам на блог.

Книгата е на англиски јазик, изгледа е малку скапа, но ако се договориме можам и да ти ја дадам на читање :)

02:09  
Anonymous Анонимен рече...

Честитки за залагањето да го полуларизирате домашниот фудбал кој е речиси пред пропаст. Срце ми се полни кога ке видам вака ентузијастични и енергични луге полни со позитивна енергија. Правите многу повеке од оние кои седат на фотељи и кои се платени да го работат тоа. Да се надеваме дека ке не биде еден ден, и дека барем на родителски години ке можам со мерак со моите деца да отидам у недела на пладне да гледам фудбалска утакмица. Со ваша и заедничка помош....

22:19  
Blogger Ико рече...

Фала, се надевам дека тој ден ќе дојде, иако јас и сега секоја недела ја поминувам на стадион... Не можам да се воздржам :)

Ова што јас го правам (а и многу од вас другите блогери) можеби е мал придонес, но мислам дека е важна желбата, мотивот и ентузијазмот како што велиш...

Се читаме колега...

02:30  
Anonymous Анонимен рече...

Абе што станува со ClubFudbaal? Нели требаше да излезе средина на ноември, ако добро се сеќавам. Да не го ебавте заедно со Шпиц и Време?

12:40  
Anonymous Анонимен рече...

Средина на јануари мислев*

23:49  
Anonymous Анонимен рече...

Средина на јануари мислев*

23:49  
Blogger Ико рече...

Колега, не знам од каде си разбрал... Нормалниот интервал на излегување е секој 5-ти во месецот. Сега поради Нова Година јануарскиот број излезе на 29 декември, а следен е февруарскиот на 5-ти февруари :)

02:25  
Anonymous Анонимен рече...

Абе Ико, Дарко 100% на неговиот блог пиша дека ке биде така, али ај нема везе...

11:26  
Blogger Ико рече...

Ние очигледно не се разбравме нешто... :)

11:36  

Објави коментар

<< Дома