Еспорт бр.32

17 септември 2007

Тоа е тоа - во продажба е! Слушнете ја радио-рекламата како preview, а прочитајте го и интервјуто со Дарко Панчев како најава за содржините од новиот број. Интервјуто е објавено на Он.нет, а коментари очекувам тука :-)



5 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Ова е тоа друже. Неверојатен број. Теми лудница. Конечно завршија импровизациите и испадна нешто вистинско. Сега за некој ден ќе соберам импресии од оние кои го критикуваа ЕСПОРТ како формат и содржина да видам какви се сега нивните импресии. Има уште некои интересни работи за кои ти спомнав а гледам веќе почнале да се исполнуваат/ Ќе праиме муабет. ТО ДРУЖЕ, се запалив.

15:31  
Blogger Ико рече...

Фала, јас и ти најавив дека сега ќе биде конечно она вистинското и баш ми е мило што има ваква реакција, иако мислам дека се уште има доста простор за напредок и се уште сум на ставот дека не сакам да слушам пофалби и величење, туку критики и предлози како оние работи што не чинат да се средат...што е вишок, од што има малку...

Во секој случај, многу ме интересира сечие мислење, бидејќи на крајот на краиштата не го правиме списанието за себе, туку за читателите, па сакам да ги слушнам нивните ставови како она за кое тие плаќаат да биде средено според нивните потреби...

15:52  
Anonymous Анонимен рече...

Моја забелешка е дека треба да има уште повеќе за нашиот фудбал, отколку за меѓународниот. Мислам меѓународниот фудбал и планетарните звезди се толку присутни во нашиве медиуми да ми е преку глава дојдено. Одсекогаш сум му давал предност на мак фудбалот и сите треба повеќе да го цениме нашето, па какво и да било. Во најмала рака ако не повеќе пишувај за балканскиот, па не се игра фудбал само во Англија, Шпанија итн. Ако си читал хрватски Nogomet знаеш на што мислам. Инаку одлично работиш и само така продолжи. Интервјуава многу ми се допаднаа. Поздрав и ова ти го кажувам со најдобри намери.

17:05  
Blogger Ико рече...

Анонимус, фала на забелешките, но уште веднаш ќе ти кажам дека тоа што ти го бараш е работа на вкусови. Некој повеќе сака англиски, некој германски, некој руски, некој хрватски, а некој и домашен фудбал.

Балансот го правиме во однос на она што мислиме дека во моментот е попопуларно кај читателите.

Медиумот работи на пазарна основа и зависи од тоа колку примероци ќе продаде, а бидејќи фудбалски стории од Англија, Италија или Шпанија ни носат поголема продажба, норамално е да имаат повеќе простор.

Верувам дека и во оваа количина како што е сега, мак-фудбалот е доволно застапен: има еден текст за Вардар, интервју со Дарко Панчев за ситуациите во Вардар, ФФМ и мак-фудбалот, како и најава на гостувањето на Болтон во Скопје против Работнички.

Веќе во следниот број ќе има интересна анализа за репрезентацијата, за настапот на Работнички во Купот на УЕФА, како и ново интервју со некој домашен спортист/спортски работник. Јас мислам дека тоа е сосема доволно и сосема пристојно - најактуелните теми се опфатени.

19:47  
Anonymous Анонимен рече...

Ок е во секој случај тоа што го зборуваш. Сепак профитот на списанието е во прв план и нормално дека се раководите според желбите на мнозинството купувачи. Но, мојата забелешка беше дека сите медиуми треба да поработат повеќе на промовирање на нашиот фудбал за да што повеќе му го доближат на љубителот. Значи мора многу повеќе да си го цениме своето, како што е во секоја нормална земја. А, освен вашиот медиум и Мак Спорт на ниедно друго место човек неможе да најде нешто за нашиот фудбал.Затоа и ситуацијава е таква каква што е и луѓево паѓаат во транс кога игра Барса, Јуве, Милан и ред други наместо за Вардар, Пелистер и др. Работа кој јас никако не можам да ја разберам. Од целиов регион мислам дека такво нешто има само кај нас. Тука е улогата на медиумите кои треба остро да ги нападнат фудбалските работници кои ништо не превземаат да се зголеми популарноста на мак фудбалот. Значи немаш кај да си купиш дрес од својот омилен клуб, да погледнеш пренос од некој натпревар од првенството, емисија за нашата лига(секоја чест на Алсат), да прочиташ нешто(и тоа што го има е минорно) итн. Тотална информациска блокада. Од тоа јас сум незадоволен како се постапува

16:56  

Објави коментар

<< Дома