Ме нема...

20 август 2007

Не дека немам идеи и теми за пишување, но зафатен сум со годишни одмори и со Esport. :-) Почнува фудбалската сезона, па следниве денови ќе се појавам со неколку постови. Сега можам да ви препорачам да си го купите новиот број на Esport ;-)



Инаку, ме имаше и на телевизија, во емисијата „Македонија Навива“, но за тоа во следниот видео-пост :-)

Уште нешто. Кога веќе Дарко праша за ова, сакам и јас: го купувате ли Esport? Го читате ли? Што мислите за единственото македонско спортско списание? Што ви се допаѓа, што не ви се допаѓа, што мислите дека недостига, а што е вишок? Вашето мислење се цени! Повелете со коментар.


Tags: football, Macedonia, Esport, МакедонијаНавива, poll.

8 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

АААААА те гледав на ТВ. Бре бре... легенда. Ама се е тоа срање брат, уште една емисија за перење пари како што беше дрес ИД. Знаат дека преку такви емисии добро можат да се прават матни работи па се повеќе и повеќе ги форсираат. Појма си нема ни емисијата ни концептот. Се е срање. навивачките химни треба да се создадат спонтано а не секое певаљче у држабаава да праи композиции. абе Шит до немај каде.

15:05  
Anonymous Анонимен рече...

И мисиш дека некој ќе ти каже нешто повеќе за ЕСПОРТ. Си се заебал. Ќе се најдат неколкумина кој ќе ти одговорат од куртоазија и воопшто никогаш не размислувале на таа тема. Нема бе брат ми на блогосферата квалитет, се се губи пополека, се повеќе Копи/пејст од спорт и слични блогери. Се сеќаваш порано какви дискусии водевме на блог какви мислење се читаа сега се е тоа сведено на минимум, со чест на исклучоците.

09:52  
Anonymous Анонимен рече...

Еве ти го единствениот размислен и искрен коментар го оставил ултраш кај мене ја дур сега го видов:

Многу простор се троши на слики во големи димензии.Дајте повеќе текст.Оставете ги странските играчи,НБА и сл.пишувајте повеќе за мк спорт.Кој сака да чита интервјуа со Бекам,Дрогба...ќе ги најди на интернет.Најлош дел е автмобилизмот.Има специјализирани списанија кои пишуваат за тоа па кој го интересира може да си купи.Нека има повеќе интервјуа,пишувајте и за помалите спортови,статистики од мак лигата,мак репрезентација. Колумните се одлични воглавно.Добро е што се гледа да се биде неутрален, да не се заземаат страни.Нека има и повеќе простор за читателите.Одбирајте по 2-3 добри текста од спортските блогови и објавувајте ги. Забелешките се најдобронамерни бидејќи редовно го купувам и го читам.Поздрав и до тебе и до Ико.Ултрас

10:07  
Blogger Ико рече...

За емисијава: не би сакал да шпекулирам околу тоа што го кажа, бидејќи немаме никакви докази за таква некоја заврзлама... Искрено, не дека бев поканет да гостувам, мислам дека се што се прави, а го прави спортото кај нас попопуларен, му дава поголемо медиумско внимание и слично, се треба да се поддржи...

Преку глава ми е веќе работите да стојат на мртва точка... Супер е да има емисија за избор на дрес, национална химна, па утре можеби ќе видиме емисија за избор на Спортист На Годината во Македонија или нешто слично, во која ќе се презентираат најдобрите наши спортисти на пошироката јавност...

Како и да е, немам лоши мисли за емисијата и проектот воопшто, напротив, само напред!

12:04  
Blogger Ико рече...

Инаку, го прочитав и коментарот на Ултрас кај тебе на блог уште кога беше пратен.

Не очекував којзнае каков одзив за прашањето кое го поставив, но сепак решив да пробам. Еспорт има огромна читателска публика (за наши домашни услови), но се чини дека меѓу таа публика нема многу блогери или луѓе кои ја следат блогосферата...

Според мене, отсекогаш имало и ќе има луѓе со кои ќе може да се развие добра дискусија низ коментари по блоговите. Точно е дека порано беше поинаку, подобро, но било и полошо. Па јас кога го направив блогов имаше вкупно 20-тина блогови на македонски јазик, од кои ниту еден спортски/фудбалски. Пишував на блог за вкупно 10 читатели кои и не беа до толку заинтересирани за спортот.

Мислам дека ние треба да си го тераме нашето, да си ги искористиме блоговите за да си напишеме што ни лежи на душа, а дали ќе следат квалитетни коментари и дискусии, зависи од публиката - е токму публика не можеш да бираш, па така мора да се задоволиме со она што го има „на лагер“, без разлика колку се разбира или не се разбира во фудбал/спорт и е желна за добра дискусија.

Се надевам дека „златното време“ на спортските блогови ќе се врати, бидејќи во последниве 6-7 месеци како да згасна она што го имаше до пред една година. Еве почна сезоната, се ре-активираа повеќето блогери кои пишуваат за омилените клубови, ќе дојдат и нови, како што и ние сме биле нови некогаш...

12:09  
Anonymous Анонимен рече...

Поет и дипломат...не е заебанција да бидеш уредник...мора да знаеш да држиш баланс :))

19:31  
Anonymous Анонимен рече...

Иначе не е лошо да се прави нешто...но што стана со дресовите што стана со проектот, како заврши, што беше одлучено ? Јас ништо не знам, ако знаеш известиме. Затоа сум скептик, бар да се има добри намери.

19:34  
Blogger Prilep рече...

Чекаме репортажа од Русија доколку Еспорт е на лице место

01:04  

Објави коментар

<< Дома