Kој ќе ја освои Лигата на шампионите?

11 мај 2007


Милан! Зашто?

Во 1969 Милан ја освои ЛШ во иста година со правењето на филмот „Италијанска работа“. Во 2003 беше направено ново издание на истиот филм, а Милан повторно триумфираше. Во 2007 се подготвува и третата преработка на истиот филм, па можеби тоа повторно ќе му донесе среќа на Милан.



Мислите дека ова е тешко да се оствари?

Во сите години кои завршуваат на 7, титулата ја освојувале тимови кои биле сметани за аутсајдери, таков дефинитивно беше Милан (во однос на другите учесници), а богами и Ливерпул. Во 1967 Селтик го победи Интер, 1977 Ливерпул ја победи Борусија Менхенгладбах, 1987 Порто го победи Баерн Минхен, а 1997 Борусија Дортмунд го победи Јувентус. Сега, во 2007 во финалето ги имаме Милан и Ливерпул, а кој го очекуваше тоа? Никој!

Клуб од Италија „мораше“ во финале!
Во двете претходни финалиња во Атина, играше по еден клуб од Италија. Во 1983 Јувентус загуби од Хамбургер, а во 1994 Милан ја победи Барселона.

Милан се свињи!
Д
а, да. Свињи! Според кинескиот календар, 2007 е година на свињата, а Милан е клуб што е формиран во годината на свињата. Што е уште поинтересно, Карло Анчелоти е роден во година на свињата.

Зашто би победил Ливерпул?
Д
осега, само еден тим од земјата што го освоила Светското првенство веќе следната година успеал да триумфира во финалето на Лигата на шампионите (Баерн Минхен во 1975). Исто така, сите тимови од Италија што учествувале во финалињата во години што завршуваат на 7 биле поразени! Во 1957 Фиорентина загуби од Реал, 1967 Интер од Селтик, 1997 Јувентус од Борусија, 2007 Милан ќе загуби од Ливерпул... Или не?

П.С.
О
ва е извадок од мој текст во списанието ClubFootball (денешно Esport) објавен во ноември 2006.


Tags: football, Macedonia, Milan, Liverpool, Champions League, фудбал, Македонија.

5 коментари:

Anonymous Дарко рече...

Интересни се секогаш овие податоци но некогаш па и ме прават нервозен. Не знам зошто. Ја ќе навива, за Ливерпул од причина што мислам дека беа најконстантниот тим сезонава и на ниту една утакмица не се провлекоа незаслужено.

12:41  
Blogger Ико рече...

Јас па не навивам за никој. Не ми се симпатични ниту Ливерпул, ниту Милан... Може малку за Ливерпул пошто повеќе навивачи на Милан имам у маало што ќе ми галамат после цела година :)

13:10  
Anonymous Анонимен рече...

KE tepa liverpul zoshto Milan si ja izigra utakmicata na vekot so Manchester.Tolku ke in bide

13:37  
Blogger Alberto рече...

IKO PA Se ZNAE KOJ KE POBEDI ZASTO VAKVI POLEMIKI NA INTERNET, MISLAM NEMA POTREBA NELI>..:))) POzdarv

21:14  
Blogger Ико рече...

Хехе, те нема бе дечко. Ај баш ќе видиме дали се знае, и јас сум повеќе за твоиве :-)

10:36  

Објави коментар

Врски до објавата:

Создај врска

<< Дома