Два месеци подоцна...
10 мај 2007
Со доцнење како што доцнат со изградбата на спортската сала „Борис Трајковски“, конечно качив дел од сликите од Хрватска на веб.
Ова е мое прво гостување со репрезентацијата што го загубивме. Претходно, во Англија и Албанија немавме пораз :-). Линковите до сите фото-стории се во десната лента на блогот, сликите се хостирани на Flickr.
Можете да видите само мал избор на фотографии (околу 30-тина) од трите гостувања на репрезентацијата.
П.С.
Утре излегува во продажба новиот број на Esport. Ексклузивно, можете да ја погледнете корицата, а што се однесува до сториите, верувајте ќе има што да прочитате (Ситуацијата во ФФМ, разрешувањето на Ѓоре Јовановски, проблемите во Шпанија, изборот на Полска и Украина за домаќини на Еуро2012, кариерата на Вејн Руни, новиот скандал во Италија, специјален водич за финалето на ЛШ во Атина, Рос Браун, Луис Хамилтон, новите НБА ѕвезди од НЦАА и уште многу фудбал, кошарка и мотоспорт...)
Линк: Хрватска - Македонија (2:1) на Максимир, Загреб.
Tags: football, Macedonia, Croatia, Maksimir, Zagreb, Katanec, Bilic, Esport, photo, Македонија.
5 коментари:
Ајде конечно вториот број... се гледаме
Конечно :-)
Па не е баш 2. број. 28-ми е! 26 како ClubFootball и 2 како Esport.
:-)
ej konecno znaci iskaca Esport, jas pa zavcera go barav po trafiki, mislev na 7mi iskaca
Па се беше спремно за на 7ми, ама имаше мали технички проблеми :-)
Како и секад со технички проблеми:))) Имам нешто да ти кажам што многу ми смета, ама МНОГУ аи тоа лично и приватно без да знаат останатите оти не секој недостатоци мора да ги знаат сите.
Објави коментар
<< Дома