Црвено-црни

29 мај 2007


В
о знакот на овие две бои помина минатата недела. Милан ја освои Лигата на шампионите, а Вардар триумфираше во Купот на Македонија. Исти бои на победниците, ист резултат во финалните натпревари.



З
а ЛШ не би сакал премногу да се расплинувам, сите гледавме, сите знаевме дека нема да се повтори Истанбул 2005 (во однос на возбудливоста и бројот на голови) и се очекуваше тврд натпревар со тактичко надмудрување. Во новиот број на Esport кој е во подготовка во моментов, анализа на финалето на Драган Николовски (А1 тв) и стручна анализа на Никола Илиевски - Џиџи.

Разликата меѓу двете финалиња за кои пишувам е таа што безмалку сите на Градски во Скопје беа 99,9% убедени во победа на Вардар. Тоа и се случи. Како, зашто, не би сакал да коментирам. Сите имате очи и верувам дека ако се наоѓате на блогот колку-толку следевте што се случуваше на последните два натпревари помеѓу Вардар и Победа. Во стилот на Бошко Трпевски кога има „судиски неправди против Силекс од Кратово“ ќе речам само: проценете сами дали се работи за договорени натпревари.


Tags: football, Macedonia, Vardar, Liverpool, Milan, final, Champions League.

1 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Договор мислам дека имало. Трифун буљашки може ќе го искористи ова како алиби да се повлече како спонзор. А кога ќе видиш со толку многу разлики во финансиите Работнички не постигна ништо повеќе од другите клубови во Македонија. Јас се уште не можам да им ја разберам политиката. Ако цел им е само да освојат домашно првенство и да продадат некој фудбалер а не да состават квалитетен ростер за влез во ЛШ по групи онда се име булшит и трошење на пари и време кои очигледно ги имаат во изобилство.

16:08  

Објави коментар

<< Дома