Нека биде финале...

03 мај 2007

Ако некој ми кажуваше дека некогаш во блиската историја во финалето на Лигата на шампионите повторно ќе играат Милан и Ливерпул, немаше да верувам, но и тоа се случи. И тоа втор пат на Балканот (Истанбул и Атина).



Очекував финале Челзи - Манчестер. Да бидам попрецизен, во мај сакав 3 финалиња меѓу Челзи и Манчестер - натпреварот во Премиер лигата (што ќе решаваше за титула, но Челзи зафркнаа работа со Болтон), Лигата на шампионите (тука и Манчестер зафркнаа), а остана само финалето на ФА Купот.

Сакав тоа да се случи за да гледаме судир на две различни фудбалски филозофии. Во Манчестер го гледам трофејниот клуб со долга традиција и трпеливо граден состав на фудбалери во текот на повеќе години. Постои баланс помеѓу фудбалерите, од легендите на клубот, преку младите таленти, докажаните фудбалери и такви што во Манчестер се издигнуваат кон врвот на своите кариери.



В
о Челзи, пак, ја гледам другата, „нова“ страна на фудбалот. Далеку од тоа дека Челзи нема традиција, но она што денеска е состав на фудбалери на клубот е направено експресно, врз основа на голем буџет, а не долгогодишни стратегии и планирања. Немам ништо против Челзи или начинот на кој е составен овој тим. Но, едноставно недостига оној фудбалски „шарм“ кој со себе го носат фудбалери како Сколс или Гигс.

Токму тој фудбалски шарм, според мене, е она што ги прави некои клубови ГОЛЕМИ (или гиганти, како сакате), а други мали. Мурињо често сака да каже дека Челзи е голем клуб како останатите во Европа, а како главен аргумент го спомнува квалитетот на фудбалерите кои денеска играат во синиот дрес и моменталната сила и успеси на Челзи. За мене, фудбалска големина не се мери така. За мене „големи“ клубови се оние во кои се уште има барем некакви остатоци од фудбалот во минатото, кога најпопуларниот спорт не се вртеше околу парите, туку околу самата фудбалска игра.



П.С.
Можно ли е овогодинешното финале да биде поинтересно од тоа во Истанбул?

Tags: football, Macedonia, Chelsea, Manchester, Champions League, Mourinho, Македонија.

5 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Ико ја ништо не погодив у нокаут фазава годинава. Се што прогнозирав отиде контра. У финале ќе навијам за Ливерпул и се надевам дека ќе тепа...не знам зошто ама мерак ми е , и тоа голем мерак...педери ми се оние Галијани и Белрускони само затоа иначе поштовање за играчите.

13:42  
Anonymous Анонимен рече...

Друже и ќе поминам сега некој ден да се видиме и да договориме што у нареден број... финалето ќе биде крв и мислам дека ќе има доста срцеви удари по завршетокот

16:45  
Anonymous Анонимен рече...

Еве вака сакам да биде пак на крајот...http://www.deadspin.com/archives/acmilan.jpg

16:47  
Anonymous Анонимен рече...

http://www.deadspin.com/archives/acmilan.jpg

16:47  
Blogger Ико рече...

Јас искрено не навивам за никого, ќе ми дојде само по себе за време на натпреварот, ама Ливерпул ми се посимпатични...

18:48  

Објави коментар

<< Дома