Нов спортски магазин

13 април 2007



Поради моите нови професионални обврски кои не ми дозволуваат доволно слободно време за да бидам активен на блогот, од денеска го ставам блогот во мирување.

Како замена, можете да тркнете до првата трафика и да го набавите новиот и единствен спортски магазин во нашата земја: Esport.

По две години постоење и 26 изданија, Club Football порасна и се претвори во Esport. Сега, на повеќе страници, поголем формат и со сите спортови.

Иако е петок 13-ти, мислам дека ова е среќен ден за секој љубител на спортот бидејќи верувам дека Македонија и спортската јавност конечно доби спортски магазин каков што заслужува.

Мотив повеќе можеби ќе ви биде фактот што тимот кој досега работеше на Club Football за потребите на Esport се прошири со уште двајца блогери: Енко (maknba.com.mk) и Дарко (100%Sport). Голема благодарност и до Дарко (Комуникации) чии совети беа драгоцени во трансформацијата на Club Football и подготовката на Esport.

Уживајте во новиот магазин.



4 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Па со Господ напред и дај боже да расне уште повеќе и да дојде ред и да се преведува изданието и за другите ЈУ републики.

11:46  
Blogger JumboMkd рече...

Ај со среќа и да се ширите уште повеќе ;)

(Некако споро ви оди дистрибуцијава, сабајле во Центар неможев да го најдам)

18:15  
Anonymous Анонимен рече...

Не бе, распродаден е ;)

20:48  
Anonymous Анонимен рече...

Мислев еден пост и за Еспорт да напишам.Го купив,одличен квалитет,доста содржини,но имам и неколку сугестии.Бидејќи е месечник да се избегнуваат теми како што беше тенисот.Све ок али веќе тоа пројде пред 2 недели.Токму поради тоа мислам дека замре на времето топ спорт,искачаше во петок и 5 страни имаше за завршеното коло у лига на шампиони речиси истото што го пишувало во дневните броеви на мак. спорт.Сакам да кажам дека за месечник малце е заебано да се бави со дневни спортски настани.На пример можеби во следниот број ќе има за финалето у куп на македонија кошарка али тоа ќе треба да се проследи од некој друг акцент,на пример со изјави од орханизаторите и то,а ако пишувате у мај како вардар го освоил купот малце мислам дека е досадно.Толку од мене, ви пожелувам многу среќа и уште поголем тираж.

11:43  

Објави коментар

<< Дома