Избори

15 март 2007

Ме немаше подолго време поради многуте обврски, а делумно и поради проблемите кои ми ги направи Blogger, но тоа е минато и се враќаме на фудбалските теми. Има многу за што пропуштив да пишувам, најмногу за стартот на втората полусезона во нашето првенство, но во моментов најважно е Генералното Собрание на ФФМ.



С
е случија многу чудни работи во изминативе 2 недели, но bottom line е дека во сабота ќе биде познато каков ќе биде епилогот. Ситуацијата може да отиде во 3 правци:

1. Хаџи-Ристески да ја добие поддршката на Собранието и да си го продолжи својот мандат до 2009. Она што се заговара во овој табор е и смената на Статутот на ФФМ и многу е веројатно и Лазар Митровски да се врати на функцијата Генерален Секретар. Хаџи-Ристески треба да собере 55 делегати на Собранието во сабота во хотел Дрим во Струга.

2. Хаџи-Ристески да не собере кворум за Собранието, а мнозинството од делегатите да го поддржат Емил Божиновски и Иницијативниот Одбор. Од тука е јасно дека следува ново Изборно Собрание и целосна реконструкција на ФФМ.

3. Да се создаде ситуација на паралелни раководства на ФФМ. Што значи ова? Хаџи-Ристески да обезбеди „тенко“ и контраверзно мнозинство, а од друга страна Божиновски и Иницијативниот Одбор да не го признаат за легитимно Собранието на ФФМ и да организираат свое вонредно Собрание. Ова е најлошата варијанта во која секој би се сметал за победник, а епилогот ќе биде познат дури по судски пат.

Според моменталната состојба, моја оценка е дека 3-тата варијанта е најреална да се случи. Во сабота одам во Струга со свои очи да го видам Генералното Собрание, а ќе се потрудам до тогаш да дадам детална анализа на состојбите. Овој пост е само како повод за ваши коментари или реакции (па и прашања) за целата ситуација.

Детално сум запознаен со сите случувања и можете слободно да прашате што ве интересира, но и да очекувате еден огромен текст во текот на утрешниот ден во кој ќе ви ги разјаснам сите работи кои се случуваат во моментов во мак-фудбалот.


Tags: football, Macedonia, FFM, Bozinovski, Hadzi-Risteski, фудбал, Македонија.

1 коментари:

Anonymous ribaro рече...

Дури го чекам твојот нов пост кој требаше да го пуштиш „утре“ :), ме интересира како е можно да се организира паралелно собрание од страна на струјата на Емил Божиновски, односно, која би била тежината на одлуките од таков еден собир? Дали е тоа во согласност со статусот на ФФМ?
Поздрав

16:40  

Објави коментар

Врски до објавата:

Создај врска

<< Дома