Штафета
29 јануари 2007
Можеби стана досадна оваа „штафета“ по блоговиве, но Горјан ме прозва па да не го кршам редот. 5 работи кои не сте ги знаеле за мене:
1. Кога почнав да гледам фудбал, омилен фудбалер ми беше Теди Шерингам, но од 1996 (тогаш сум имал 10 години) навивам за Јувентус и омилен фудбалер ми е Алесандро Дел Пјеро.
2. Обожавам trance музика иако според изгледот, однесувањето, облекувањето, начинот на живот и општата појава не соодветствувам на default описот на еден „трансер“.
3. Цел живот не сум имал врска со девојка која траела подолго од 3-4 недели, а сега сум во 3-ипол годишна врска, среќно заљубен.
4. Почнав да пушам цигари откако завршив средно. Мајка ми ме фати со цигара уште вториот ден (не се ни криев нешто посебно) и откако дома им кажав: „Пушам од вчера“, нормално дека не ми поверуваа. И денеска мислат дека пушам од многу поодамна иако не сум ни мириснал цигара пред тоа.
5. Кога го отворив блогот во 2005 (21-ви блог на Македонски јазик според Хронологијата), го сторив тоа без никаква сериозна намера нешто да напишам. Едноставно сакав да видам што всушност е Blogger и како изгледа да отвориш свој „веб сајт“. Од тогаш, блогот ми го промени животот.
На ова смешно оро ги повикувам: Енко и Шепард, Ултрас, Барса, Џамбо и Тод.

18 коментари:
Добар ти е постов,Може треба повеќето вака нешто да склопиме.Кога се гледаш со двеојкати бе???Имаш време за тоа???
Хаха... звучиш како неа... „никогаш немаш време за мене“ :)
Има време, само треба добра организација...
Абе во ред штафетава, али немам на кого да ја предадам сега!:)
Дарко има он време за неа, за играње табла и правење трансфери само нема време
Ц ц ц, да затворам февруарскиов број, ќе те напатам табла бе!
Ико извини вака ама мислам дека прозва погрешен човек затоа што кај мене на блог целосно не се вклопува да постирам Штафета :) а и од нашиве блогови само со тебе комуницирам така да нема на кој да ја предадам.
Ама ај еве ќе пробам тука во коментар кај тебе да напишам нешто (се надевам не се лутиш) колку да не го прекинам редот:
1. Имам голем проблем со факултетот (вечити студент сум)
2. Имам 3 годишна врска (со девојка нормално)
3. Освен за Вардар, Звезда и Милан, навивам и за Донкастер (Англ. Лига 1)
4. Свирам гитара (моментално свирам во мандолинскиот оркестар при МКЦ, а порано имав свирено и во некои играорни)
5. Порано се имав пробано и во карате и кошарка, но сепак мислам дека интернетов е спорт кој најдобро ми прилега
Супер што си пишал... Знаев дека нема да пишеш на блог бидејќи ова не би се вклопило во твојата концепцја...
Ова со цигариве не ти чини брат... :D
Знам... :(
Абе друже Ико... Знаеш дека можно е да се имаме запознаето јас и ти... Те гледам на сликичкава и позната фаца си ми, а еве и брат ми вика дека си му познат. Веројатно си му внук на Стево (тапанџијата), и се имаме дружено во една прилика кај неговата викендица во Побожје. Не ми замерувај ако грешам, пошто тоа беше пред години и години, беше ептен копиљ, а и јас и брат ми бевме...
Кога не се гледа со неа, се вади со мене :)
Маме ти...
па после ја крив, ќе видиш ти :))
Да, Стево ми е тетин (јас го знам повеќе како цариник отколку тапанџија:))...
Сум бил во таа викендица многу пати, па сигурно се знаеме...
Пиши ми мејл кој си, што си за да ми текне ;)
бравос ико,одличен си,споменав и јас дека штафетата не е концепциски за овие блогови,но штом влезе тешко ќе излезе :).Онака како заебанција ОК
хахахах Стево тапанџијата:))))
Kolku e mal svetot
Па така испадна :)))
Стево иначе „свири“ на тапан во слободно време :)
Ej abe eve vikam inicijativa da se sobereme na partija fudbal???
A i mene nesto ne mi se vklopuva tagiranjevo vo konceptot, mozebi nesto povrzano so basket i sl...Ama aj dr. put.
Ок, јас пробав :)
Објави коментар
<< Дома