Пошироко за промените

27 јануари 2007

Што точно ќе значи доаѓањето на Мишел Платини на претседателската функција во УЕФА? Според ветувањата на новиот претседател, многу работи би требало да се променат, но прашањето е кога ќе се случат промените и како тие ќе влијаат на фудбалските текови во Европа?


Таткото на сегашниот формат на натпреварување во ЛШ
и идеологот на идните промени (Јохансон и Платини)


Реформи во Лигата на шампионите
Платини планира да го ограничи бројот на учесници од секоја земја на само 3 тимови. Ваквото ограничување ќе значи 1 местo повеќе за земјите кои сега имаат 2 претставника. Иако Платини вели дека со ова се протежираат фудбалски неразвиените земји, нема да има апсолутно никаков ефект за тимовите од Македонија (и земјите слични на нашата). Со ваква реформа, само ќе се разниша финансиската стабилност на сегашниот формат на натпреварување и крајната цел нема да биде остварена. Единствената позитивна работа ќе биде заострување на конкуренцијата во националните првенства (каде тимовите ќе се борат за првите 3, а не првите 4 позиции) и зајакнување на Купот на УЕФА со повеќе силни тимови.


Ќе го претстави неговиот план за реформи во април - Мишел Платини

За Македонија, ваквите промени ќе значат следново: при евентуален пласман на наш претставник во 3-тото квалификациско коло од ЛШ, ќе се исклучи можноста за противник да го добиеме 4-то пласираниот тим од Англија, Италија или Шпанија. Ништо повеќе. Од една страна, ќе ни се зголемат шансите за триумф во 3-тото коло и директен пласман во ЛШ, а од друга страна ќе се намали шансата за поголема финансиска заработка од евентуалното гостување на некој од тимовите од елитните првенства.

Платини ќе го претстави неговиот предлог за реформи кон средината на април, а евентуалната имплементација ќе се случи дури од сезоната 2009-2010 бидејќи спонзорските договори кои УЕФА ги има со компаниите за ЛШ траат до тогаш.

Македонија гласаше за Мишел Платини. Интересно би било доколку претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески ги образложи причините поради кои гласал за Платини. Сега ви е јасно зашто Платини беше толку многу загрижен да ја донесе Златната копачка на Дарко Панчев во Македонија, иако легално не му припаѓа на нашиот легендарен фудбалер. Пред некое време истражував околу причините поради кои Панчев не ја добил Златната копачка и дојдов до информација дека наградата воопшто не се доделувала од сезоната 1990/91 до 1996/97 кога освен Панчев и останати фудбалери кои биле најдобри стрелци во тие сезони не ја добиле.

П.С.
Свежи линкови во Download.
П.С.2
Мал „јубилеј“ - се случија 1.000 посети на мојот блог во изминативе скоро 3 месеци откако го инсталирав бројачот. Со оглед на тоа дека се наоѓа на Blogger, за мене ова е солидна бројка. Имав вкупно 17 текстови што значи некаде околу 60-тина посети (читања) по текст. Посетителите останувале во просек по 4 минути, што значи дека не дошле само да ѕирнат, туку и да прочитаат нешто.


Tags: football, Macedonia, Platini, Pancev, UEFA, Golden Boot, фудбал, Македонија, UCL, Хаџи-Ристески, ФФМ, Панчев.

8 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Тука значи се поставува прашањето од каде му е златната копачка на Платини.Ја мислам дека ако му пробуричкаат по подрумот ќе му најдат калапче за лиење во форма на копачка и најверојатно некое шишенце со боја како онаа за ќумци само златна.Иначе како друагчије???

21:10  
Blogger Ико рече...

Хехе... 1 глас за претседател на УЕФА вреди многу повеќе од Златна копачка. Мислиш дека на авторитет како што е Платини во Франција му е тешко да издејствува доделување на ваква награда?!

Чиста политика и ништо повеќе. Запрашај се зашто му е доделена само на Дарко Панчев, а не и на останатите фудбалери кои биле најдобри стрелци во тие години?

Одговорот е прост: во другите земји нема да може толку „ефтино“ да го купи гласот...

21:26  
Anonymous Анонимен рече...

Како што реков, Платини изгледа на место човек. Само не верувам дека некогаш ке се имплементираат овие негови промашени идеи. Ајде сега да речеме Арсенал, Валенсија или Милан да не ги гледаме у ЛШ, за да го гледаме Левски или слични на него клубови. Онака како што е функционира сега ЛШ е Ок, нема потреба да се влегува во такви експерименти. Финалето во ЛШ е спектакл, еден од најголемите у годината, и таман работа да ти се уништи со некој бош тим.... не бе луге, ич не ми се свиѓа идејата...

00:13  
Blogger JumboMkd рече...

Дали некогаш ќе заживее овој формат на ЛШ? Или пак ова може му беше само една пред-изборно ветување за да ги собере гласовите од помалите земји

13:37  
Blogger Ико рече...

Па и јас многу се сомневам во тоа... Токму затоа спомнав и онаа работа за Панчев и Златната копачка :)

Ќе видиме. До 2010 нема теоретски шанси да заживее...

13:39  
Blogger Tod рече...

Не верувам дека копачката е пазар на Платини! Пред се... на Панчев копачката му е ветена од порано, Панчев и Хари не се баш некои пријатели па од копачката на Панчев да зависи подршката!

01:18  
Blogger Ико рече...

Можеби е и така, ама сомнително е што на другите фудбалери не им е доделена... Ова е само некоја моја претпоставка, не мора да значи дека е така :)

01:27  
Blogger Tod рече...

Абе ти полека со претпоставките! И минатото коло прогрнозираше (пардон претчуствуваше) дека Сол Дембел ќе блесне али ништо:)

02:12  

Објави коментар

<< Дома