Промени!

26 јануари 2007


Зашто да не започнеме со една карикатура?

Се случи и тоа: по 17 години на чело на УЕФА, Ленарт Јохансон беше поразен на изборите кои завршија пред неколку минути. Нов претседател е Мишел Платини!


Ветуваше, а сега има 4 години за да ги исполни ветувањата
- Мишел Платини


На многумина од вас можеби не им е интересен овој „административен“ дел од фудбалот, но верувајте дека со изборот на Платини во годините кои доаѓаат потполно ќе се промени изгледот на денешниот фудбал. Подетална анализа на оваа тема ќе следува подоцна, а доволно за да ве заинтересира оваа анализа би требало да биде предизборното ветување на Платини дека ќе им скрати по едно место во Лигата на шампионите на Италија, Англија и Шпанија, ќе има повеќе простор за вистинските шампиони од земјите низ Европа...

Какви се вашите првични импресии?

П.С.
Додадов нови линкови во Download, ама некако слабо ми download-ирате :-)


Tags: football, Macedonia, Platini, Johansson, UEFA, download, фудбал, Македонија, UCL.

7 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

епа ќе има поише шанса за нас да влеземе во лига на шампиони.останува да видиме

18:49  
Anonymous Анонимен рече...

Баш ме интересира што ќе направи Платини

23:29  
Blogger Ико рече...

Се очекува во април да ги предложи промените.... Не би рекол дека којзнае колку ќе ни се зголемат шансите за пласман во Лигата на шампионите, но Платини истакна дека е време да им се помогне и на помалите и средните држави (според фудбалска развиеност) да го достигнат барем приближно нивото на гигантите...

03:11  
Anonymous Анонимен рече...

Ме радува изборот на Платини, онака на место човек ми изгледа. Но не ми се допаѓа идејата клубови од бош лиги да играат у ЛШ. Ке се изгуби од убавина и атрактивност, и она што е најважно ке се изгуби многу во квалитет. Оние што вложуваат во фудбалот имаат и право да добијат нешто за возврат. Англија и Шпанија зезамисливо е да одат со три претставника, не е праведно. Не ме свакајте антипатриотски, сакам да бидам реален...

15:09  
Blogger Ико рече...

Ќе напишам сега еден осврт на оваа тема, она што сакам да го кажам е премногу долго за еден коментар.

15:30  
Anonymous Анонимен рече...

Еј додадов линк за ова ама ти веќе си ставил.Е сега ќе го избришеш твојот и ќе го оставиш мојот.

16:00  
Blogger Ико рече...

Средено :) Само си ја утнал категоријата, тоа требаше во Youtube линкови да иде :) Сменив јас тоа.

Уште еден повик до секој што сака да предложи линк со видео :)

16:24  

Објави коментар

<< Дома