Да разбиеме монотонија...

25 јануари 2007

Додека трае напнатата состојба во мак-фудбалот, сакав да објавам пар работи на блогов за да разбиеме монотонија и да подобриме расположение.


Знам дека сте колекционери на клипови :)

Направив посебен дел од блогот со назив Download каде секој ден ќе биде додаван по еден линк за симнување на интересни фудбалски клипови. Ја поделив оваа секција на неколку категории, но како што ќе излегуваат клипови кои не припаѓаат во тие категории, ќе дополнувам. За почеток ви додадов линк за download на видеото од еден од најспектакуларните голови кои воопшто сум ги видел - Ривалдо со „ножички“ против Валенсија, гол што ја однесе Барса во Лигата на шампионите таа сезона. Исто така, додадов линк до тепачката помеѓу Карлос Диого и Луис Фабијано, можеби најинтересен fight во последниве неколку години.

Ќе видите дека системот на страницата со линкови е таков што и вие можете слободно да предложите и додадете линк, така ќе ја зголемуваме колекцијата.

На страна од тоа, денеска слатко се изнасмеав кога Букарски ми раскажа анегдота за Ѕинго што не сум ја знаел до сега. Ја пренесувам во целост:


„Ќе плачете вие Ѕинго да се врати“

Доаѓа делегација од ФИФА или УЕФА на состанок со Ѕинго. Нашиов претседател и вели на преведувачката: „Кажи им да дадат кеш!“. Преведувачката се врти кон гостите и почнува да им објаснува: „На нас ни требаат финансиски средства за да можеме да работиме за развојот на фудбалот во Македонија бла бла бла...“, а на ова гостите од странство си коментираат: „Колку чуден јазик е овој Македонскиов. Толку малку зборови се кажуваат, а толку нешта значат“


:-)


Tags: football, Macedonia, download, Rivaldo, FIFA, UEFA, Ѕинго, фудбал, Македонија.

2 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Добра фора со Ѕинго. Инаку еве еден линк од гол на Роберто Карлос против Тенерифе пред години, години.

http://youtube.com/watch?v=KNs4w2k6qNo

12:32  
Blogger Ико рече...

Ако не ти е тешко, можеш слободно на страната со download да кликнеш на SUGGEST A LINK и таму сам да го додадеш...

Само одбери категорија и пиши краток опис на голот... Овој сега би влегол во категоријата Youtube линкови...

13:52  

Објави коментар

<< Дома