Анкета

22 јануари 2007

Пред да почнам со мојата детална анализа за состојбите во ФФМ, на блогот поставив анкета на која би сакал да гласате.

Прашањето е тековно: Дали го поддржувате сегашното раководство на ФФМ? На страната со резултатите од анкетата може да се оставаат коментари, но препорачувам вашите коментари да ги оставате под овој текст...


Што мисли народот?

Јас лично чувствувам многу негативна атмосфера во однос на сегашните први луѓе Хари Хаџи-Ристески и Лазар Митровски. Мислам дека таква атмосфера се создаде по избивањето на скандалите. Единствено нешто што им носи какви-такви позитивни поени е ангажманот на Среќко Катанец...

Се надевам дека на анкетата ќе се соберат доволен број на гласови во следниве неколку дена за да можеме да ја сметаме за релевантна.


Tags: football, Macedonia, анкета, ФФМ, фудбал, Македонија, poll.

8 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Екипата која го води ФФМ си има посебно мислење од секој кој добро го познава фудбалот во Македонија дека не беа светла точка не беа дека имало коруптивни испади имало единствената светла точка која воопшто во последните 15 години се случила во мак фудбалот беше доведувањето на Катанец , но лиферувањето на безвезни информации од негова страна по последните случувања во ФФМ се навистина под нивото на еден професионалец каков што мислев дека е Катанец тука ми смрди нешто навистина и неговиот ангажман од страна на ФФМ станува чуден , знаеш според мене ако еден човек поштено си ја врши работата и работи за доброто на Мак фудбалот нема сила која би можела да го смени а не некоја си нова гарнитура која би можела да дојде на власт во куќата на фудбалот,претпоставувајќи го новиот претседател не верувам дека истиот нема да му ја даде истата да не речам дури и поголема слобода од сегашната меѓутоа Катанец со своите најави страшно ме замислува а верувам и цела спортска јавност е замислена од неговиот нелогичен став .

12:10  
Anonymous Анонимен рече...

има дури 3 гласа за,ова или некој се заебава или биле лазе,хари и катанец

12:58  
Anonymous Анонимен рече...

Сега и Ацуле го обучуваат да ракува со компјутер па да бидат 4 гласа.

16:26  
Blogger Ико рече...

Хахахах... :) :) :)

Абе луѓе ме изнасмеавте ебаве тоа :)

Па јас очекувам отприлика 1% гласови ЗА поддршка на ФФМ и тоа од луѓето што за инат ќе гласаат така... оние контрашите :)

Денеска се случи и седницата на УО на ФФМ, вечерва планирам да постирам и нешто околу тоа, па можеби ќе влијае на анкетава по малку ;)

17:20  
Blogger Ико рече...

Што се однесува до коментарот на Барса, не би се согласил баш дека единствената позитивна работа е ангажманот на Катанец.

Изминативе 15 години како позитивни работи би ги издвоил успесите на Вардар и Работнички К т.е. 3-тото коло од Лигата на шампионите.

Исто и влегувањето на големи фирми како Кометал (Работнички) и НИКОБ (Македонија ЃП) во фудбалот и создавањето на барем 2 квалитетни клуба во првата лига.

Назначувањето на Катанец ја сметам за сосема нормална работа околу која не треба многу да им се оддава почит на ФФМ. Едноставно беше ангажиран селектор според сите правила и прописи: го знае јазикот (доволно), искусен е во водење на репрезентации како нашата, успешен, авторитетен, искуство од големи натпреварувања и квалификации... За првпат имаме селектор кој ги исполнува основните услови...

Мислам дека истиве резултати ќе ги добиевме и со било кој друг селектор од рангот на Катанец - тоа е моја претпоставка, никогаш не се знае...

17:25  
Anonymous Анонимен рече...

Она што се случило внатре и околу клубовите навистина немав намера да го коментираме целта ми беше околу досегашните раководства и нивната работа гледам и ти се сложуваш сепак несе Хари и Лазе оние кои ги однесоа тимовите до третото коло на ЛШ

18:31  
Blogger Ико рече...

Мислев дека генерализираш општо за мак-фудбалот па затоа така и пишав...

Којзнае до кај е Ацуле со обуката за компјутер... ќе ја затвориме анкетава додека да научи да гласа.

Знаете ли дека Ацуле не дојде во Манчестер кога игравме против Англија бидејќи си го заборави пасошот... Стигна до аеродром, па се врати назад :) малер човекот...

15:47  
Anonymous Анонимен рече...

Не бе пратил човек по пасошот, па тој направил сообраќајка кај Катланово и не стигнал на време

18:08  

Објави коментар

<< Дома