Фудбалски скандал!

20 јануари 2007

Не сакав да пишувам веднаш по обелоденувањето на скандалов бидејќи сакав да избегнам избрзана или емотивна реакција од моја страна.

ФФМ се тресе! Тоа е факт. Целиот скандал според мене има 3 страни. Ќе одиме со ред.



1. Криминалот и неправилностите во фудбалските клубови: со детална инспекција на државните органи, конечно за првпат во нашата историја официјално се откри криминалното раководење со фудбалските клубови во Македонија. Освен 2 клуба: Македонија ЃП и Работнички Кометал (за чија професионална работа сум пишувал и порано), сите останати функционираат катастрофално. Неисплатени плати и придонеси, неправилни регистрации на фудбалери, аматерски договори...
Кога сето ова веќе е на виделина, мора да се делува брзо и ефикасно. Сите луѓе кои ги прекршиле законите за работа мора кривично да одговараат и без никакви исклучоци да добијат забрана за раководење со фудбалски клубови! Друго решение не постои! Според мене, се освен реконструкција од корен на фудбалската лига би било само „мачкање очи“ и „забошотување“ на проблемот.



Криминалец?
Лазар Митровски тврди дека се е чисто


2. Криминалот и неправилностите во ФФМ: фалсификувани дипломи, работење спротивно на статутот и законите и што уште не. Време е полицијата заедно со сите органи кои се надлежни да ја исчистат федерацијата! Очигледно е дека доколку не се спроведе ваква акција во ФФМ, ова ќе продолжи во недоглед. Убеден сум дека и тука мора да се искористи истата казна: секој што правел криминал или на било кој начин бил вмешан (знаел за криминалот и неправилностите, а тоа не го пријавувал) да добие доживотна забрана за вршење на функција во фудбалот!


„Си одам заедно со Хари и Лазе“ - непринципиелна
изјава на Катанец

3. Изјавата на Среќко Катанец дека ќе си замине од Македонија доколку раководството на ФФМ биде разрешено. Многу непринципиелно од негова страна. Договорот кој го има е склучен со федерацијата, а не со човек. Според мене, можните причини за ваквата изјава на Катанец се следни: 1. некој му се јавил и го замолил да даде ваква изјава за да се намали притисокот врз ФФМ; 2. селекторот бара начин како побрзо да замине од Македонија, а овој скандал е совршена прилика за тоа; 3. поврзан е со Хари и Лазе на начин на кој не смее или не може да биде поврзан со некој друг.

Случувањата се во тек. Во следниве неколку дена ќе ги образложам моите размислувања околу секоја од горните 3 точки и ќе напишам посебни текстови. „Од прва рака“ ги следам сите случувања и верувајте дека на овој блог ќе прочитате доста интересни и досега необјавени информации.

П.С.
Вечерва (сабота) некаде пред полноќ во емисијата Лејт Најт Шоу на Миленко Неделковски ќе се зборува за скандалот во ФФМ. На сите ви препорачувам да ја гледате. Немам позитивно мислење за авторот на оваа емисија и неговата „работа“ поврзана со фудбалот, но сметам дека тој е единствениот кој има огромно познавање на приликите во мак-фудбалот и не се плаши јавно да зборува за тоа...


Tags: football, Macedonia, scandal, FFM, Lаzar Mitrovski, ФФМ, фудбал, Македонија, Лазар Митровски, Катанец, Katanec.

6 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Вечерашната емисија ќе биде топ,Миленко е роден за емисии поврзани со скандали,самиот човек е скандал.Јас се изнервирав кога ја прочитав изјавата на Катанец и вулгарно и реагирав.Ќе речам пак : и покрај неверојатните успеси никој не смее да се подебава со нас и да се става у функција на уценувач.

20:25  
Anonymous Анонимен рече...

Баш ми е мило што те имаме како човек кој се бори за вистината и за доброто во фудбалот кај нас, иако речиси сите веке дигнаа раце од него. Имаш една добра порака во текстот, а тоа е - комплетна рекострукција на федерацијата и доживотни забрани за мафијашиве за било каква поврзаност со фудбалот кај нас. Нема друго чаре бе брат. Стадионите кај нас се празни не толку затоа што немаме квалитетен фудбал, туку затоа што е уништен спортскиот дух во натпреварите. А тој го уништија токму оние кој седна на фотелите и кои никако не стануваат од нив. Комплетна реконструкција!!! Се друго би било само "мачкање очи".

22:53  
Anonymous Анонимен рече...

А ова со Катанец е тотално разочарување. Немаше потреба да си го уништува угледот пред нас навивачите кој го стекна со толку напорна работа и со добри резултати. Од херој станува никавец, лигуш! Мое мислење е дека типот е добро запознаен со валканите работи во федерацијата, а можеби и на некој начин и дел од нив. Сега кога нема каде, очигледно сака да се тргне на страна, да избега. Немам друго објаснување.

22:58  
Anonymous Анонимен рече...

И добро, штом велите дека вреди да се погледа вечерашнава емисија, ке останам дома да ја гледам. Се читаме потоа.

23:00  
Blogger Ико рече...

Само што заврши емисијата, искрено да ви кажам, очекував повеќе. На место беше прикажувањето на доказите и објаснувањето на уредникот од Мак.Спорт, но не беа откриени многу повеќе работи од она кое веќе е објавено.

Лично, сметајќи дека Миленко ги познава добро состојбите во мак-фудбалот, очекував повеќе „инсајдерски“ информации и подлабока суштинска анализа на ситуацијата.

Сакав да ги слушнам размислувањата за изјавите на селекторот Катанец и подетална анализа што се крие зад тие изјави.

Сакав да слушнам како Мак.Спорт дојде до сите овие информации за ФФМ, Лазе, Хари, дресовите...тоа би било интересно да се знае...

Како и да е, интересна емисија...

02:43  
Anonymous Анонимен рече...

Намерно беше забаталена темата за Катанец, пошто којзнае што се крие тука....

13:50  

Објави коментар

<< Дома