Свеж почеток

05 јануари 2007

На стартот на 2007, решив малку да го променам изгледот на блогот, се надевам ви се допаѓа новиот дизајн. На сите ви посакувам многу среќа, успех и љубов во 2007!

Освен мојот нов дизајн, новина во нашиот блог-простор е блог-тајмлајнот кој го направи Развигор за кој можете да ги дадете своите забелешки, дискутирате и да го пријавите и вашиот блог да биде регистриран во оваа наша „блог-историја“.
Моето прво изненадување за сите во новата 2007 е интервјуто кое го направив со селекторот Среќко Катанец, а кое е објавено во јануарскиот број на магазинот Club Football. Ова е прво и досега единствено интервју на селекторот во кое тој ја дава својата оценка за 2006, очекувањата во 2007, зборува за мотивите поради кои дојде во Македонија, за тактиката, фудбалерите, нашите шанси за пласман на ЕП, нашиот потенцијал, случајот „Горан Славковски“, а одговара и на критиките на некои наши „фудбалски експерти“ по натпреварот со Русија.

Освен тоа, ве упатувам на сајтот на Fantasy Football Premier League - проект со кој се занимавав доста во последно време. За првпат во Македонија се организира ваква игра (ако се земе во предвид дека Калчо Селектор во Македонски Спорт пред неколку години беше за Серија А) и топло ви препорачувам да играте. За играта пишаа и на Он.нет.

Викендов планирам да се вратам „во форма“ со неколку текстови, пред се review за се што се случуваше во 2006-та како и мал осврт на тоа што не чека во 2007-ма година.

Среќни празници!



Tags: football, Macedonia, Фудбал, Македонија, Катанец, ClubFootball, Katanec.

2 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Ико не знам дали да ти речам ,али ќе ти речам.Темплејтчево не ми бендисува.Што не рече ќе направиме нешто.На 10 души им ги преуредив блогчињата па за тебе лие работа.

21:32  
Blogger Ико рече...

Очигледно сум загубил осет за дизајнов :) На твоја сугестија (и уште неколку други) го променив темплејтот...

Сега е повеќе „во мој стил“ како некои од претходните...

19:55  

Објави коментар

<< Дома