Фудбалот во 2006 (2)
12 јануари 2007
Во една година на Светско првенство, јасно е дека ова натпреварување беше во центарот на вниманието. Не би сакал да правам некоја долга анализа, бидејќи го правев тоа пред, за време и по завршување на СП во Германија. Во една реченица: Италија имаше репрезентација составени од фудбалери кои во моментов се наоѓаат во врвот на своите кариери, имаше среќа кога беше потребно (пр. против Австралија), храброст (4-цата напаѓачи против Германија во продолженијата), нерви (пеналите против Франција) - со еден збор квалитет.
За мене, еден тим остави свој белег на 2006 година: Барселона. Барса ја освои двојната круна (дома и во Лигата на шампионите) што претставуваше крунисување на прекрасната игра на овој тим во изминатите 2 години. Она што Франк Рајкард го направи со тимот, имајќи во предвид во каква состојба беше Барселона кога тој дојде на чело, е неверојатно. Го состави можеби најкомпактниот состав на фудбалери во Европа во последниве 10-тина години. Ме воодушеви леснотијата со која фудбалерите на Барса ја наметнуваа својата игра на секој натпревар.
Друга димензија на фудбалот во 2006 беше скандалот „Калчополи“ во Серија А. Се разоткри голема „шема“ на клубови, судии, официјални лица па дури и фудбалери кои го „режирале“ фудбалот во Италија изминативе години. Сепак, јас лично не сум задоволен од разврската на целиот скандал и се сомневам дека фудбалот во Италија е исчистен од сите криминални структури. Казните за клубовите и поединците беа премногу благи, а со намалувањата станаа уште понезначајни. Јувентус беше единствениот клуб кој беше казнет драконски, додека клубови како Милан и Лацио кои по втор пат во својата понова историја се вмешани во ваков скандал добија само „симболични“ казни. Само да потсетам, тоа се двата клуба кои на средината на 80-тите беа деградирани во Серија Б поради местење на натпревари.
Освен клубовите, благи се казните и кон индивидуалците. За чудо, Лучијано Моџи не доби доживотна забрана за работа во фудбалот! Не знам како е можно тој човек да има можност по неколку години повторно да биде на раководна функција! Освен него, смешни се казните кои ги добија неговите „компањони“ како Галијани, Дела Вале, Лотито и компанија, како и официјалните лица во Фудбалската Асоцијација на Италија. Како и да е, сето ова помина, а само времето ќе покаже дали во иднина ќе гледаме „чист“ фудбал во Италија.
2006 беше година на Барселона, Челзи, Арсенал, репрезентациите на Франција, Германија и Италија, Севиља, Роналдињо, Канаваро, Зидан, Анри...
Можеме да бидеме презадоволни од тоа како заврши 2006. Во Англија, Шпанија и Германија имаме неверојатно неизвесна трка за врвот, за разлика од ова време минатата година кога во секое од големите првенства еден клуб беше далеку пред другите. Ветувачка е и ждрепката за 1/8-финалето од Лигата на шампионите, а извонредно возбудливи се и квалификациите за Еуро 2008.
Tags: football, Maceodnia, WC2006, UCL, UEFA, Barcelona, Juventus, Italy, Spain, Calciopoli, Moggi, Milan, Lazio, фудбал, Македонија.
Фудбалерите на Барселона со пехарот од Лигата на шампионите
За мене, еден тим остави свој белег на 2006 година: Барселона. Барса ја освои двојната круна (дома и во Лигата на шампионите) што претставуваше крунисување на прекрасната игра на овој тим во изминатите 2 години. Она што Франк Рајкард го направи со тимот, имајќи во предвид во каква состојба беше Барселона кога тој дојде на чело, е неверојатно. Го состави можеби најкомпактниот состав на фудбалери во Европа во последниве 10-тина години. Ме воодушеви леснотијата со која фудбалерите на Барса ја наметнуваа својата игра на секој натпревар.
Дали мафијашката мрежа во Серија А е тотално уништена?
Друга димензија на фудбалот во 2006 беше скандалот „Калчополи“ во Серија А. Се разоткри голема „шема“ на клубови, судии, официјални лица па дури и фудбалери кои го „режирале“ фудбалот во Италија изминативе години. Сепак, јас лично не сум задоволен од разврската на целиот скандал и се сомневам дека фудбалот во Италија е исчистен од сите криминални структури. Казните за клубовите и поединците беа премногу благи, а со намалувањата станаа уште понезначајни. Јувентус беше единствениот клуб кој беше казнет драконски, додека клубови како Милан и Лацио кои по втор пат во својата понова историја се вмешани во ваков скандал добија само „симболични“ казни. Само да потсетам, тоа се двата клуба кои на средината на 80-тите беа деградирани во Серија Б поради местење на натпревари.
Погледнете го човеков и потоа кажете дека
Хари, Лазе, Брацо, Боро или Ацуле
се фудбалски мафијаши!
Хари, Лазе, Брацо, Боро или Ацуле
се фудбалски мафијаши!
Освен клубовите, благи се казните и кон индивидуалците. За чудо, Лучијано Моџи не доби доживотна забрана за работа во фудбалот! Не знам како е можно тој човек да има можност по неколку години повторно да биде на раководна функција! Освен него, смешни се казните кои ги добија неговите „компањони“ како Галијани, Дела Вале, Лотито и компанија, како и официјалните лица во Фудбалската Асоцијација на Италија. Како и да е, сето ова помина, а само времето ќе покаже дали во иднина ќе гледаме „чист“ фудбал во Италија.
2006 беше година на Барселона, Челзи, Арсенал, репрезентациите на Франција, Германија и Италија, Севиља, Роналдињо, Канаваро, Зидан, Анри...
Можеме да бидеме презадоволни од тоа како заврши 2006. Во Англија, Шпанија и Германија имаме неверојатно неизвесна трка за врвот, за разлика од ова време минатата година кога во секое од големите првенства еден клуб беше далеку пред другите. Ветувачка е и ждрепката за 1/8-финалето од Лигата на шампионите, а извонредно возбудливи се и квалификациите за Еуро 2008.
Tags: football, Maceodnia, WC2006, UCL, UEFA, Barcelona, Juventus, Italy, Spain, Calciopoli, Moggi, Milan, Lazio, фудбал, Македонија.
2 коментари:
Имам една забелешка само. Велиш Јувентус бил драконски казнет??? Тоа што го добија Јувентус и останатите е награда а не казна. Требаше да скапат до корен во тоа локалните лиги, за да им дојде памет а не вака. Јас како фан на фудбалот се чиствувам навреден и револтиран. Се ке продолжи по старо, не очекувајте мафијашите да ја сменат политиката. Јас затоа велам дека не вреди да се трошат нерви за тоа италијанскиот фудбал, и така пет пари не вреди.
Можеби погрешно се изразив - мислев драконски во однос на останатите клубови.
Кога ќе разгледаш поубаво, ќе видиш дека само во Јувентус казната резултираше во комплетна реконструкција на клубот. Комплетното раководство си замина, клубот го водат нови луѓе. Освен тоа, со преселбата на Комунале, Јувентус во Серија Б играат пред полн стадион секое коло (околу 45-50 илјади гледачи) па може да се заклучи дека дури и фановите на овој клуб на некој начин учествуваа во „реконструкцијата“.
Не би се согласил дека треба да се генерализира околу оценката за италијанскиот фудбал. Покрај се, тие се шампиони на светот, а играа исклучиво со фудбалери од домашното првенство нели? Значи дека квалитетот постои!
Објави коментар
<< Дома