Фудбалот во 2006 (1)

11 јануари 2007

Како што најавив (со мало задоцнување), доаѓа и мојата ретроспектива на минатата 2006 година во фудбалот. Во првиот дел ќе се осврнам на домашниот фудбал.


Репрезентацијата пред натпреварот против Русија

Репрезентацијата на Македонија
дефинитивно е она што најмногу ќе го паметам од изминатата година. Фактичката состојба вели дека по 5 натпревари во нашата квалификациска група, се уште имаме реални шанси за висок пласман, а годината ја завршивме со најдобар пласман за нас во историјата на ранг-листата на ФИФА. Ме радува фактот што за првпат по многу години публиката и фановите имаат доверба во националниот тим. Првпат во историјата се скандираше името на селекторот на Градски во Скопје, а во посебно сеќавање ќе ми остане моето патување во Манчестер каде на Олд Трафорд одигравме одличен натпревар против Англија кој долго ќе се памети.
ИН во 2006 -> Среќко Катанец, Горан Пандев, нерешениот резултат против Англија, најдобриот пласман на ранг-листата на ФИФА.
АУТ во 2006 -> ФФМ со високата цена на билетите за натпреварите на репрезентацијата, продавањето на цела северна трибина на фановите од Англија.
Неправда во 2006 -> Несреќниот пораз од Англија во Скопје.


Македонија ЃП - освојувач на Купот на Македонија

Факт е дека Македонската Прва фудбалска лига донесе поголем квалитет од претходните години. Освен Работнички Кометал, на сцената имаме втор клуб кој функционира беспрекорно: Македонија ЃП. Трката за титулата до последните кола и крајот на првата полусезона оваа година со изедначен број на бодови на Македонија и Работнички ветуваат максимално интересен фудбал до крајот на оваа сезона. Финалето од Купот на Македонија беше меѓу најквалитетните натпревари кои било кога се одиграле на Градски, а во Евро-натпреварувањата, Работнички го повтори најголемиот успех во нашата историја - 3-то квалификациско коло во ЛШ.
ИН во 2006 -> Трофеите завршија во раце на клубовите кои работат најпрофесионално и можеби ова ќе биде мотив и за другите да се „оправат“ во иднина.
АУТ во 2006 -> Слабата посетеност на стадионите иако во домашното првенство минатава година имаше многу натпревари кои вредеа да се погледнат. Сите оние кои декларативно се залагаат за подобар мак-фудбал треба од себе да почнат да го направат теренот погоден за поквалитетно првенство и да жртвуваат 2 часа неделно од своето време на некој од стадионите. Со билетот кој ќе го платите ќе му помогнете на својот клуб.
Неправда во 2006 -> Она кое им се случуваше на фудбалерите на Вардар кои имаат статус како вработени во стечајно претпријатие, а не како фудбелери на најтрофејниот клуб во една земја.


Tags: football, Macedonia, фудбал, Македонија, euro2008, Katanec, Катанец, Rabotnicki, Vardar, Makedonija, FFM.

5 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Читаш ли што се случува со клубовиве и заебанцииве што излегоа по инспекциските контроли???? Може у право е Јанко кога вика дека треба да се укине фудбалот у земјава барем за една година со цел да се очистат ваквите лешинари...

17:23  
Blogger Ико рече...

Читам, внимателно следам и дополнително истражувам. Што се однесува до Јанко, не мислам дека е во право - таквите лешинари постојат бидејќи некој им дозволил да постојат.

Се надевам дека целава „фудбалска рација“ ќе заврши фудбалски позитивно и работите ќе тргнат во нагорна линија... ќе видиме...

17:25  
Blogger Ико рече...

Ќе пишам и пост околу тоа, не сакам да избрзувам со коментари за целата ситуација, сакам подобро да се запознаам како стојат работите.

17:26  
Anonymous Анонимен рече...

си ги заборавил навивачите, ултрасите, треба да се спомне враќањето на Чкембари на мак-тифо сцената, а со тоа и дербито кое беше замрено помеѓу Комити и Чкембари.

19:08  
Blogger Ико рече...

Јас би додал и многу повеќе работи, но се обидувам текстовите да бидат што пократки, а со тоа и полесни за читање.

Не помислив на ова, но затоа се коментарите, за да ме потсетиш :)

Секоја чест за ултрасите!

20:19  

Објави коментар

<< Дома