Канаваро заслужи... или не?

09 декември 2006

Иако можеби не е нешто најактуелно, чувствувам потреба да реагирам на Златната топка која му беше доделена на Фабио Канаваро (кој патем се наоѓа на насловната страница на новиот број ClubFootball).



Кога Џон Кару го „искриви“ Канаваро на последниот натпревар меѓу Реал и Лион и постигна гол, ретки беа тие што во Канаваро гледаа нов носител на најпрестижната награда која еден фудбалер може да ја добие. Имаше многу реакции во медиумите, а и по блоговиве околу тоа колку Канаваро ја заслужи наградата. Кои се аргументите за и против и која е причината поради која Канаваро го доби признанието?

Сетете се на играта на Канаваро на изминатото СП. Факт е дека му беше нанесена неправда од проста причина што никој од новинарите кои гласале пред крајот на финалниот натпревар не можеше да претпостави дека Зинедин Зидан ќе го направи најконтраверзниот (и најглупавиот) потег во својата кариера. Италија го освои Светското првенство, а Канаваро беше капитен и лидер на победничкиот тим.



Факт е дека со тие игри Канаваро ја заслужи оваа награда и не треба да биде чудно што ја добива најдобриот фудбалер на СП. Дискутабилен е неговиот успех пред и по Светското првенство. Со Јувентус освои титула која административно (би рекол неправедно, но тоа е веќе друга тема) му беше одземена, а во Реал Мадрид не прикажува некоја сјајна игра.

Главната причина лежи во новинарската политика и најверојатно меѓусебен договор и чувство на одговорност на Канаваро да му се надомести што наградата за најдобар на СП не замина во негови раце. Истите тие новинари беа оние кои ја направија грешката избрзувајќи со гласањето за Зинедин Зидан пред крајот на финалето и сега решија да ја исправат својата грешка.

Според мене, ова е неправилен и непрофесионален потег. Се компромитираше реномето на најпрестижната награда без никаква потреба. Канаваро беше капитен и го освои Светското првенство со Италија, а неговите игри ќе ги паметиме сите без разлика што не беше прогласен за најдобар фудбалер. Како и да е, се надевам дека спортските новинари ќе извлечат позитивна поука од целата ситуација и во иднина наградата ќе продолжи да се доделува на реално најдобрите фудбалери во текот на целата година.


Tags: football, Macedonia, Фудбал, Македонија, Cannavaro, Zidane, награда.

7 коментари:

Anonymous Дарко100% рече...

Секогаш е дискутабилно нели?Мора да се има предвид дека тежината која ја носи Мундијалот и триумфот на тоа натпреварување е пресудно за наградите.Затоа што, не секој може да игра и да ја носи својата репрезентација на највисоко ниво.Роналдињо и Анри се богови во своите клубови но никогаш до сега не ја понеле својата репрезентација на свој грб до успех.Во клубовите се игра со истите соиграчи секој ден а во репрезентацијата повремено.Може би и тоа е причината за која се гледа големината на фудбалерот.Канаваро имаше импресивна созона во дресот на Јуве,сите како да го забораваат тоа.Во Реал освен не 2-3 меча до сега Канаваро игра одлично со оглед на тоа што партнер му е Елгера а и уморот од настапите на Светското што е случај и со Анри, нормално дека му се рефлектираат во свежината и перформансот.

19:15  
Blogger Ико рече...

Мене ми е дискутабилен само оној дел од неговата сезона во Јувентус. Титулата беше одземена со што тие партии за Јуве на Канаваро не се легитимни нели? Значи добива Златна топка само поради Светско првенство... Или, пак, се признава легитимноста на скудетото на Јуве?

19:48  
Anonymous Дарко100%Спорт рече...

Ја ја признавам играта на Кана во дресот на Јуве а административните работи досега сме ги коментирале и нема да навлегуваме пак.Иначе тргај ми го тоа банерот од оздола дур сега гледам дека сум утнал и дека не сум ставил уште едно ,,Л,, на крај од ФООТБАЛ.Идиот невиден сум, а ти па ќутиш,ебате беља.Плус размислувам да го замрзнам блогот поради недостиг на квалитет и квантитет во коментарите на останатите блогери.Се е без везе го нема оној драж како на почетокот кога вистински се разговараше.Сега сакам да правам муабет ама нема со кого.

21:38  
Anonymous FcJuventus рече...

Kanavaro zasluzi ama sega vo Real Nema pojma.vo juve bese ZAKON.

15:39  
Anonymous Juvefan рече...

Jas mislam deka najpravedno ke bese ako nagradata ja zemese Buffon, poradi odlicnata sezona vo Juventus, bez ralika sto administrativno im bese odzemena titulata. Igrata sto ja pokaza Buffon (se razbira golmanskite sposobnosti) na svetskoto prvenstvo e samo za pofalba. I vo ovaa sezona, iako Juventus nastapuva vo Serie B brani odlicno. Moeto mislenje e deka tokmu Buffon trebase da ja ponese taa nagrada, iako ne go isklucuvam faktot deka za negovata dobra forma i odlicnite odbrani i vo prethodnata sezona, i na svetskoto prvenstvo e mozebi najzasluzen Fabio Cannavaro. Megjutoa i ne se soglasuvam so toa deka Fabio ne odigral dobro minatata sezona. Mozebi ovaa vo Real seuste nemoze da se vklopi, poradi mnogu faktori (da ne gi naveduvam), no sekako deka ja zasluzuva nagradata sto ja dobi...

23:50  
Anonymous karakash рече...

НЕ.

15:04  
Anonymous Borgoth рече...

Многу ке ми замерат, но мислам дека е грешка оваа награда да се доделува на одбранбен фудбалер. Во дефанзивецот не можеш да уживаш во талентот и креативноста кои можат да ги понудат другите фудбалери. Дефанзивата е само дисциплинирано и одговорно извршување на задачите научени по фудбалските школи. Тука нема ништо ново. Тоа е работа без памет. Оваа награда е навреда и омаловажување на талентот и убавината. И Мојот круг на најдобри фудбалери е Роналдињо, Зидан и Анри. Тоа се вонсериски квалитети, кои нема никогаш да бидат заборавени.

11:44  

Објави коментар

Врски до објавата:

Создај врска

<< Дома