Фудбал...

08 декември 2006

Природата на работното место ми е таква што сум приморан во одредени периоди (последните и првите денови секој месец) да правам пауза од блогирање, но еве ме пак.

На фудбалската сцена се случија многу работи и во следниве неколку дена ќе се обидам да покријам дел од настаните за кои имам мислење кое сакам да го поделам со вас и сакам да го слушнам и вашиот став (Канаваро и Златната топка, ситуацијата во Вардар again и уште пар работи од Европа).

Најпрво за репрезентацијата. Се очекува закажување на пријателски натпревар. Во игра е Брегот на Слоновата Коска (БСК) што за мене е тотално неприфатлива опција. Во моментов ни треба пријателски натпревар на гостински терен пред полн стадион и притисок од публиката. Тоа би била идеалната подготовка на нашата репрезентација во пресрет на дуелот со Хрватска во Загреб. Би било уште подобро кога би се закажал натпревар против репрезентација со слични квалитети и стил на игра како нашиот следен противник, но не може се да биде совршено. До некаде ми се допаѓа и идејата за учество на турнирот на Кипар... Верувам дека ако Катанец го има последниот збор ќе биде направена правилна одлука.

Домашното првенство е пред крај на есенската полусезона. Како што се очекуваше Работнички, Македонија ЃП и Вардар влегуваат како фаворити во пролетниот дел од сезоната. Работнички осцилираше со резултатите на стартот на првенството најмногу поради настапите во Европа и сега се стабилизираше. На Македонија ЃП и недостига константноста која ја загубија по поразот од Работнички и добро ќе им дојде малку работа на физичката кондиција во пресрет на пролетта додека Вардар е посебна приказна и мислам дека се уште е во трка за титулата само поради поволниот распоред на натпревари во последните неколку кола.


Tags: football, Macedonia, Фудбал, Македонија, Катанец, репрезентација, Katanec.

2 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Друже прво морам да те прашам пошто ве нема на скајп и ако може да ми пишете меил до каде е работава.Сериозно сум накурчен и ако треба за тепање викајте.Иначе Брегот на С.Коска и нивното барање е повеќе од идиотско.И јас не сум за натпревар против нив.Да може повторно би сакал да играме против Бугарија или Романија на пример.Вардар мислам дека дефинитивно ќе пропадне,но тоа е добро.Кога ќе го допре самото дно ќе почне од самиот почеток и многу работи ќе тргнат во права насока.4-5 години ситуацијата е ваква и се се оди надоле и надоле.Друго чаре нема освен Вардар да дојде до најмизерно ниво па да се освестиме и ние ,и фудбалерите и фудбалските работници и сите релевантни истанци кои ќе го воздигнат клубот.За Канаваро ништо не напиша.

12:02  
Blogger Ико рече...

Па да ти кажам искрено, можеби ова е и самото дно... Ќе видиме, според најавите сега во зимската пауза ќе се разрешат сите ситуации, ама такви најави има со години наназад, не се знае што ќе биде...

15:38  

Објави коментар

<< Дома