Против TribalFootball

01 ноември 2006

Oвој портал го открив пред неколку години и бидејќи гледам дека многу луѓе и во последно време медиуми се повикуваат на информациите објавени тука, се решив да ви ги разјаснам работите.


TribalFootball.com е најшпекулантскиот фудбалски веб-портал што некогаш постоел. Едноставно, 99% од се што се објавува е чиста шпекулација и невистина. Многу пати од љубопитност сум споредувал пренесени изјави на фудбалери и тренери и авторите на порталот паѓаат дури на тоа ниво што ги извртуваат зборовите и самите изјави само за да направат атрактивна сторија.

“Најинтересно“ е во преодните трансфер-рокови. Е тогаш може да се прочита се и сешто. Мислев дека е невозможно да се оди до едно такво ниво но пред повеќе од една година авторите на порталот ме деманираа и обзнанија: “Диего Армандо Марадона се враќа на фудбалот“ - замислете каква несериозна сторија. Една извртена изјава на Марадона и луѓето објавија дека човекот во години ќе почнел да тренира со Бока Јуниорс и да се бори за место во првиот тим!!!

Неверојатно! Трагично е што многу наши медиуми го користат овој портал (свесно или несвесно) како “релевантен“ извор на информации. Последната беше наводниот трансфер на Игор Митрески во Манчестер Јунајтед! Уште кога го здогледав насловот во нашиот весник веднаш почувствував дека се работи за инфо од TribalFootball и не погрешив:


“Ексклузивната“ информација (шпекулација) објавена на TribalFootball

Јас (а верувам и вие) и тоа како би сакал нашиот репрезентативец да се пресели во Манчестер, но откако видов каде е објавена информацијата не можам да поверувам дека такво нешто ќе се оствари.

5 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Јас од истата причина веќе не ни го имам на ум сајтот.Ако отвориш во наш весник има многу повеќе вести отколку на гоал.цом, скај спортс, еспн, марка .ас,ел мундо и слично.Изгледа тоа е интересно да се чита па дај да им дадеме на читателите нека читаат она што го сакаат без оглед дали е вистина и релевантно

13:05  
Anonymous Анонимен рече...

hehe i ja sum cital razni gluposti tamu inace toa od avstralija bese?

23:49  
Anonymous Анонимен рече...

hehe i ja sum cital razni gluposti tamu,ama ova za mitrevski e svarno preterano.

23:50  
Anonymous Анонимен рече...

Ико пеер... сајтот не објавува информации ексклузивни, туку објавува нешто што е објавено! Значи ако го прочиташ убаво текстот за Игор Митрески ке прочиташ... according to Vest..што значи објавуваат нешто што е објавено! Многу шпекулации објавуваат.. ДА, ама и многу работи дознаваат! Значи пренесуваат се што ќе објават други весници! Еве сега и јас читам глупост дека Њукасл ќе го барале Касано... ама богами знаејќи го Њукасл се плашам дека ќе го земат

Поздрав... Тод

14:10  
Anonymous Анонимен рече...

http://www.tribalfootball.com/article.php?id=17213

Glej pak.. Tod

13:03  

Објави коментар

<< Дома