Георге Хаџи

26 ноември 2006

Оние кои ја пропуштија оваа интересна сторија, еве линк до оригиналот: One of the World's Greatest a Macedonian! како и линк до преведената сторија во Мак. Спорт: Хаџи - еден од најголемите Македонци!



Јас (а верувам и голем дел од вас) знам за ова уште од поодамна. Ми дојдоа некои идеи за Хаџи како можен наследник на Среќко Катанец како наш селектор. Иако е рано да се размислува за тоа, сепак од денешна перспектива ми личи на лоша идеја поради фактот што Хаџи сега за сега има катастрофална кариера како тренер. Беше селектор на Романија и откако не успеа да се квалификува за СП доби отказ. Потоа замина во Бурсаспор (Турција) од каде беше избркан за само неколку месеци поради лошиот старт на сезоната. Една цела сезона беше тренер на Галатасарај и успеа да го освои Купот на Турција, но беше избркан и од таму бидејќи Галатасарај е тим со шампионски, а не куп-амбиции. Се врати во Романија да биде тренер на Политехника Тимисоара и од таму доби отказ по само 4 месеци. Хаџи беше голем фудбалер, но е катастрофа од тренер. Со оглед на сегашните достигнувања, да се надеваме дека Катанец ќе остане со нас што подолго.

5 коментари:

Blogger Tod рече...

Голем човек, голем играч! Се надевам еден ден ќе стане наш селектор, и државата економски ќе ни закрепне.. па да не идат на печалба вакви фудбалски таленти!

14:18  
Blogger Ико рече...

Абе ти не читаш што пишувам, види го какви катастрофални резултати има како тренер.... Ако се подобри во блиска иднина, нека биде селектор. Авторитетот што ќе го има кај фудбалерите може да биде клучен.

14:25  
Anonymous Анонимен рече...

Абе ти да не сакаш успешен да ти дојде.. вака кога е неуспешен ќе го донесеме! Исто ко Грците што го ставија Ото Рехагел кога никој ви Германија не го сакаше за тренер!

00:01  
Blogger Ико рече...

Ме разочарувате со коментариве. Па ако Ото Рехагел не е успешен тренер, не знам кој е?!?! Титули во Бундес лигата доволно говорат колку е успешен...

01:48  
Blogger Ико рече...

Пред да освои ЕП со Грција, Рехагел освои: Cup Winners' European Cup (1993), 3x German champion (1988, 1993, 1998), 3x German Cup (1980, 1991, 1994)!!!

01:49  

Објави коментар

<< Дома