Jose Mourinho - Made in Portugal

04 октомври 2006

Завршив со читање на книгава уште пред неколку недели но, конечно најдов време да пишам збор-два.


Не станува збор за автобиографија на Мурињо туку книга напишана од спортски новинар кој ја следи неговата кариера од самиот почеток до денеска. Многу го сакаат, уште повеќе го мразат но фактите говорат дека Жозе Мурињо е најуспешниот тренер на негова возраст во историјата на фудбалот. Токму затоа препорачувам да ја прочитате книгата која говори за неговиот пат од преведувач на Боби Робсон до освојувач на Лигата на шампионите како главен тренер.

Неверојатна е самоувереноста на Мурињо! Се воодушевив! Боби Робсон е човекот од кого Мурињо го „украде“ начинот на однесување на теренот, начинот на комуникација со фудбалерите, мотиваторските способности. Луј ван Гал пак е тренерот од кој Мурињо ги научи тајните на фудбалската стратегија/тактика.

43 години: 2 титули во Португалија, 2 купа во Португалија, 2 титули во Премиер лигата, 1 титула во Купот на УЕФА, 1 титула во Лигата на шампионите! Книгата мора да се прочита...