Fantasy Football

27 октомври 2006

Не знам колку од вас се запознаени со оваа игра. Судејќи според бројот на луѓе што ја играат верувам дека скоро сите знаете за што се работи. Станува збор за нешто слично на она што беше “Калчо селектор“ во Македонски Спорт пред неколку години...

Барем за фудбалските фанатици од Македонија, најпопуларна е Fantasy Premier League. Јас како вечен зависник од Championship Manager од оваа година се заразив и со фантази фудбал и морам да се пофалам дека добро ми оди во деби-сезоната. Според информациите што ги добив, минатата година од Македонија имало околу 700 луѓе што ја играле играва. Ја препорачувам играта на секој што сака фудбал...



На стартот имате одреден буџет со кој го правите тимот. Селектирате 15 фудбалери (2 голмани, 5 одбрана, 5 среден ред и 3 напад) од кои го подготвувате тимот пред секое коло. Секој фудбалер има своја цена која може да варира во текот на сезоната во зависност од неговите перформанси. Секое коло имате право на еден бесплатен трансфер а секој нареден трансфер ќе ве чини 4 бодови од оние бодови кои сте ги добиле во текот на натпреварувањето. Што се однесува до трансферите, еднаш имате право да искористите Transfer wild card - што значи да направите неограничен број на трансфери бесплатно.

Мојот тим од минатото коло:
Џејмс имаше многу интервенции, Фердинад даде гол а Манчестер не прими, Јобо има 6 поени бидејќи Евертон не прими гол, Бери даде гол за Астон Вила, Фабрегас имаше 2 асистенции и бонус а двајцата напаѓачи имаа по една асистенција. Еден фудбалер е капитен и тој носи двојно повеќе бодови, значи ако го изберев Фердинанд за капитен, ќе ми донесеше 24 бодови наместо 12.

Бодовите ги добивате во зависност од игрите на секој ваш фудбалер во реалноста. Фудбалерите се наградуваат за секој постигнат гол, асистенција или натпревар без примен гол. Бодувањето е посебно за секоја линија од тимот (голот на некој од одбраната вреди 6 а на напаѓачите само 4 поени а). Негативни бодови се добиваат за автоголови, жолти и црвени картони и сл. Постојат и бонус-бодови за најдобрите фудбалери на секој натпревар.


Авторот на блогов на 2-ро место во досегашниот генерален пласман во Македонија

Вклучете се и вие, нема да зажалите. Конкуренцијата е голема и веќе е невозможно да се најдете на врвот доколку не сте започнале со играње уште од првото коло. Сепак, забавно е и до крајот на оваа година ќе се “тренирате“ за следната сезона. На крај да се пофалам дека по 9 одиграни кола јас сум на 2-ро место во Македонија, зад еден мој добар другар кој ме навлече на играва а минатата година бил прв од сите во Македонија.

5 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

na iko@clubfootball.com mailot ti prativ baner za blogot

19:03  
Blogger JumboMkd рече...

Многу е закон банерот!

09:17  
Blogger Ико рече...

Новово коло во фантази е тапа...среќа направив солидна разлика претходното па ќе останам во врвот!

19:07  
Anonymous Анонимен рече...

Ико ја твојот банер не го гледам кај мене е празно местото каде што треба да стои.

21:14  
Blogger Ико рече...

Не знам што би можело да биде... Од неколку различни компјутери пробав и ми го покажува на мене... Нешто кај тебе има проблем...

12:09  

Објави коментар

<< Дома