Ексклузивно од Манчестер!

05 октомври 2006

Утре заминувам во Манчестер, Англија! Се опремив со дигитален апарат и лап-топ и на мојот блог ќе постирам фотографии и импресии директно од Манчестер.

Old Trafford Inside

Полетувам од Скопје во 10:30 а во Манчестер ќе бидам во 12:15 по локално време (13:15 македонско). Утре имам посета на Олд трафорд каде ќе го следам тренингот на нашата репрезентација а потоа и прес-конференцијата на селекторот Катанец.

Old Trafford Outside

По тренингот, планирам да одам на City of Manchester Stadium - стадионот на Манчестер Сити кој се наоѓа на 5 милји од Олд Трафорд. Овој стадион вчера беше избран како место каде што ќе се одигра финалето од Купот на УЕФА во сезоната 2007/08 и ќе биде интересно да се посети.

City Of Manchester Stadium - In&Out

Во сабота следува главниот настан: Англија - Македонија. На моето место во прес-ложата сигурно ќе добијам пристап до брз интернет па ќе се обидам со слики и неколку клипови да ја доловам атмосферата на Олд Трафорд.

Во недела ќе го проследам и заминувањето на репрезентативците во Андора и тоа на аеродромот во Барселона од каде што ќе се вратам во Скопје. Не можам со зборови да ја опишам мојата возбуда и нестрпливост да влезам на Олд Трафорд!

Ќе се остварат ли нашите соништа на “Театарот на соништата“

Околу натпреварот: Се надевам на позитивен резултат. Од следните 2 натпревари (Англија и Андора) мораме да освоиме најмалку 3 бодови за да останеме на вистинскиот курс. 2 порази од Англија нема да бидат трагедија или да ги нарушат нашите планови во групата. Ако добиеме некој бод и на Олд Трафорд, тоа би било премија! До крајот на оваа година, освен овие 2 средби ни преостанува и натпреварот против Русија во Скопје кој исто така е must-win ако сакаме да се надеваме на позитивен пласман на табелата. Стискајте ги палците и навивајте за Македонија!

3 коментари:

Blogger Vlado Apostolov рече...

Среќен пат! :)

23:50  
Blogger Ико рече...

Тенк ју, уште само неколку часа... Ве поздравувам!

01:28  
Blogger JumboMkd рече...

Како е?

21:04  

Објави коментар

<< Дома