Моето патување во Манчестер 2 дел

23 октомври 2006

Во првиот текст за Манчестер пишав за работите надвор од самиот натпревар... Градот, стадионот, домашните навивачи и сл. Сега ќе се обидам во кратки црти да ви ја доловам сликата од самиот натпревар...од фудбалскиот дел од патувањето.

Нашите репрезентативци

Аце Митревски во авионот

Дечките се супер. Летавме сите заедно во ист авион и сите до еден беа расположени за дружење. Се гледа дека честите собири (особено 2-те недели во Охрид) доста ги зближиле. Што е најважно, сите беа пријатно расположени уште пред натпреварот: она расположение без оптеретување и притисок кое го најави Катанец. Главна занимација на сите им беше слушање музика или играње карти. Секој беше расположен за разговор со нас новинарите. Освен во авион, не успеавме да ги видиме никаде на друго место. Катанец ги држеше според строг распоред и за нив немаше шетање, шопинг и некое разгледување на градот. Главен беше тренингот, исхраната и одморот. По самиот натпревар сите беа во кревет веќе во 22:00 часот, не како пред некое време кога одигравме 2:2 со Холандија - во кафана до 5 наутро! На враќање пак од Манчестер кон Барселона (таму слета авионот за да се истоварат фудбалерите) се чувствуваше радост но во исто време и смиреност и фокусираност кон следниот натпревар. Сите потенцираа дека не смее да има опуштање и уште по првите неколку разговори бев убеден дека сигурно победуваме во Андора.

Нашите фанови

Заедничка фотографија со Македонци од Шведска

На неколку места (по блоговиве) прочитав критики за фановите кои допатуваа во Манчестер и веднаш морам да кажам дека такво навивање за нашата репрезентација немало никогаш на гостински терен и ретко на Градски во Скопје. Оние кои дојдоа беа главно иселеници од Шведска, Германија и Англија а имаше дури по двајца луѓе од Австралија и Канада што допатувале специјално за натпреварот! Оние од Шведска беа најбројни и беа сместени на десниот крај од трибината каде што се наоѓа главната камера за тв-пренос. Нивната група броеше околу 500 луѓе. На истата трибина имаше уште 2 помали групи од по 200-250 луѓе како и 50-тина луѓе од официјалната делегација во свечената ложа. Сите пееја во текот на сите 90 минути од натпреварот! Во најголем дел од средбата беа погласни од домашните навивачи и беше вистинска гордост да се слуша скандирање “Македонија!“ на Олд Трафорд. Овие нашинци од странство за жал немаа некој поширок репертоар на навивачки песни но, тоа не беше пречка за одлична поддршка во текот на целиот натпревар. Сите беа опремени со шалови, капчиња, маички и знамиња главно со нашето старо знаме (сонцето од Вергина) и поретко со новото знаме. Искрени честитки од мене до сите нив за поддршката што ја дадоа на нашата репрезентација. Во разговор со неколку фанови од Шведска дознав дека имало уште поголем интерес да се дојде на натпреварот во поголем број но, поради проблемите со ФФМ не успеале да обезбедат доволен број на билети. Билетите главно ги обезбедиле од ФА во Англија.

Натпреварот

На Олд Трафорд пред почетокот на натпреварот

Овие 90 минути од мојот живот тешко дека ќе можам некогаш да ги опишам со зборови. Да се присуствува на натпревар на Олд Трафорд и тоа кога игра твојот национален тим е неверојатно. Добрата игра на нашите и поволниот резултат уште повеќе го разубавија мојот впечаток. Се наежив додека 70.000 луѓе во еден глас ја пееја “God Save The Queen“ а скоро се расплакав кога ние (околу) 1.500 луѓе ја пеевме “Денес Над Македонија“. Срцето ми застануваше на секоја посериозна акција на двете страни. Во сеќавање ќе ми остане моментот кога Џерард ја искрши пречката - цел стадион експлодираше, не можам ни да замислам како ќе беше доколку топката влезеше во мрежата! Пред натпреварот во прес-зоната седев на иста маса со Дејвид Плат (поранешен капитен на Англија), имавме ручек и бесплатно пиење и јадење во текот на целиот натпревар како и по натпреварот. За тие неколку саати ги оштетивме домаќините за неколку десетици литри Bud и Pepsi и стотина вкусни мини-сендвичи. По натпреварот, на прес-конференцијата го “почастивме“ со аплауз селекторот Катанец на што домашните новинари делуваа многу изненадено и зачудено. Селекторот во свој стил: не сакаше да велича и фали никого, едноставно потенцираше дека нашата работа во Англија е завршена и им посака среќа на нашите домаќини во понатамошниот тек од квалификациите.

По натпреварот

Со оглед на тоа дека беше сабота, низ Манчестер владееше лудило. Со последниот свиреж на судијата сите веќе заборавија на фудбал и се префрлија на секс, дрога и пиење. На секој чекор имаше педери, наркомани, транвестити и пијаници. Испивме по некое пиво на 2-3 различни места и се прибравме во хотел. На сите телевизии одеа специјални емисии со анализи за натпреварот. Пофални зборови за Македонија кажаа Алан Ширер, Лес Фердинанд, Гери Линекер, Пол Инс, Гордон Страхан и останатите фудбалски легенди кои беа гости по различни емисии. Се чувствував особено горд што сум Македонец таа вечер во Манчестер

9 коментари:

Blogger Ико рече...

Малку доцнам со постов ама подобро доцна отколку никогаш нели? Бев премногу зафатен...

Деновиве кога ќе имам повеќе време ќе ги аплоудирам сите фотографии и клипчиња....не сите бидејќи се околу 500 слики и 30-тина клипови ама ќе ги изберам најдобрите и ќе напраам една галерија...

19:04  
Blogger Ико рече...

Може да оставите и коментар за новиов дизајн....воедно распишувам конкурс за нов банер на местото на тревата... фудбалски мотиви со името football macedonia :)

03:39  
Blogger JumboMkd рече...

Браво, дизајнов е супер. Ех кога и јас би имал време и знаење за да си го средам вака мојот. :)
(те ставив и јас во линкови)
Поздрав

00:22  
Anonymous Анонимен рече...

super e dizajnot a za deckite so se zaedno bravos

17:34  
Anonymous Анонимен рече...

И ја би се чувствувал така на Олд Трафорд.Иначе никако да се уклопам да дојдам изминативе денови али ќе биде и така сајтот не е готов.Иначе банерче како банерче,ако си решил па да го правиме , а?Да изобилува со мотиви и од историјата и корените на Македонија или????

12:45  
Anonymous Анонимен рече...

Онака јаза Реал-Барса не напишав ништо оставив блогерите да напишат.Тебе те нема.Иначе марбо-БАРСА малку се изгуби у целава работа али нема везе,ќе читнеш у коментарите.

12:47  
Blogger Ико рече...

Абе како ме нема, види таму уште меѓу првите 5 оставив коментар...немој така, не пропуштам таков пост јас :)))

Мене како фан на Барса ми е тешко а на Марбо сигурно уште повеќе ама тоа е тоа :)

Инаку банер си направив сам...прво замислував некоја слика или нешто така ама се решив за ова горе...ѕирни го па кажи дали ти се свиѓа...

Ајде другата недела те чекаме обавезно!!!

18:19  
Anonymous Анонимен рече...

еј ја ништо не гледам кај мене е празен тој дел.Ти се свиѓа ли тој што ти го пратив.

19:13  
Blogger Ико рече...

Да! Сега за сега ќе биде долу во footer-от :)

19:07  

Објави коментар

<< Дома