Моето патување во Манчестер 1 дел

09 октомври 2006

Полека се стабилизирав по 3-те незаборавни денови во Манчестер. Бев во еден од најфудбалските градови на еден од најпознатите и најлегендарните стадиони на светот и присуствував на натпреварот на Македонија пред најмногу публика во историјата. Дополнителна причина за задоволство беше играта и резултатот на нашата репрезентација.

Манчестер

Хотелот Best Western каде што бевме сместени

Градот е преубав. Пред да одам слушав разни муабети дека се работи за лош на изглед и индустриски град но, воопшто не е така. Секоја зграда, куќа, улица, споменик се преубави и не можев да се изнасликам низ улиците. Во Манчестер живеат многу азијати и црномурести луѓе (да не речам кинези и црнци да не ме разберете расистички). Владее голем невкус за облекување и има лош ноќен живот. Не успеавме да најдеме паб/бар/дискотека или кафуле со добра атмосфера. Насекаде имаше хомосекцуалци, бездомници и транвестити. Цените се “изгор“! Не можеш да јадеш ништо под 3-4 фунти (300-400) денари а било какво парче облека или сувенир чини од 10 фунти па нагоре.

Олд Трафорд


Ми требаа 20-тина минути само да го гледам стадионот од надвор. Нешто неверојатно! Шетајќи низ тунелите стигнавме до тунелот од кој фудбалерите влегуваат на теренот. Од таму влеговме и ние за време на тренингот на нашата репрезентација и... се “укочивме“. Добив чувство како да се наоѓам во некоја фудбалска црква или фудбалски храм. Тоа чувство едноставно не може да се опише со зборови, мора да се доживее. Се е перфектно чисто - може “да се лиже“ од столчињата на стадионот. Околу 3 часа не можеа да не “избркаат“ надвор. Сликавме со фото-апарати, се шетавме во сите делови: прес-салите, ложите, екслузивните соби со поглед на стадионот, ресторанот со маси на самата трибина...секаде! Дури по посетата на Олд Трафорд сватив колку нашиот најголем стадион е зад големите во Европа. Насекаде имаше слики од историјата на Манчестер Јунајтед што те тераат да се “наежиш“ иако воопшто не сум фан на овој клуб.

Тренинг на Македонија на Олд Трафорд

Англичаните

Неверојатно учтиви и коректни! Дури за чудење. За три дена никој не ме погледна попреку ниту ми направи некаков проблем. Секој сака да ти направи да се почувствуваш добредојден. Не е важно што не си од Англија и што твојот национален тим ќе биде противник на нивниот. Во една прилика неколку часа се шетав сам низ градот и секој кој го прашав ми помагаше со инструкции каде да одам, каде има добри или евтини ресторани и сл. Дури кога ќе влезеш во продавница за спортска опрема (дресови и сл.) ако не купиш ништо, продавачите ќе те упатат на друго место каде што би можел да најдеш нешто по свој вкус.

Свирач на интересен инструмент :)

Храна

Видов што значи “English breakfast“. За доручек луѓето почнуваат со чај и житарици преку јајца, колбаси, сланина, грав се до торта, сок и пиво. Освен познатите ресторани како McDonalds или Pizza Hut и Subway не можев да најдам некое место со “нормална“ храна. Строго се знае каде има англиска, италијанска или кинеска кујна. Се “скапав“ од јадење во McDonalds бидејќи тоа беше најблиску до мојот вкус.

14 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Ајде ајде ...одлично за некој ден ќе поминам у редакција да ми поприкажеш уз кафе.поздрав

22:11  
Blogger Ико рече...

Обавезно! Те чекам уште утре да се јавиш да се договориме додека сме поопуштени со работа на почеток на месец ;)

23:32  
Anonymous Анонимен рече...

Ako mo`e malku pomos? Kade da gi najdam knigite od Murino i Colina? Fala odnapred.

23:56  
Blogger Ико рече...

Јас ги купив уште поодамна од една продавница за книги што се наоѓа на улица Македонија во Центар веднаш до кафичот Кокс - поранешно Ринг... во Палата Македонија (мислам дека така се викаше) спроти кафичот Барселона...

03:10  
Blogger Алекс Букарски рече...

кажи некој збор,два за англичанките. изгенерализирај нешто. г. христов пред некоја година изјави дека биле “грди ко кучки“ и сл. =)

14:51  
Blogger Ико рече...

Христов е во право. Ако морам да генерализирам тогаш грди се! Неверојатно грди! Бледи, дебели.... Но, имаше и мнооогу убави “парчиња“ ;)

14:59  
Anonymous Анонимен рече...

Тие што биле добри парчиња сигурно биле тиристи или доселеници.Ретко имаат Енглезите добро нешто кај нив од женски пол и се тоа е пак мелез.(гледано по бројност).Иначе на Колина ја имам книгата и баш е супер а не знаев дека ја има на Мурињо преведена.

15:13  
Blogger Shepard рече...

ууууу, лепота :)

16:10  
Anonymous Анонимен рече...

Секоја чест се немаме одамна читано , би те молел ако не ти е тешко нешто за здивот на театарот онака во кратки црти како е да се биде во домот на Ѓаволот .

19:44  
Anonymous Анонимен рече...

bravo iko .super post.ke me stajs tamu vo prijatelite

20:40  
Blogger Ико рече...

Дарко, оваа за Мурињо е на англиски :) Во следниот пост (2 дел) ќе раскажам детално за стадионот и за самиот натпревар и фудбалерите и фановите...

03:54  
Anonymous Анонимен рече...

Ајде до сега требаше да го извадиш и вториот дел.

11:53  
Anonymous Анонимен рече...

Ајде кај е вториот дел за навивачите. Да видиме како беше од твој агол. Слики имаш?

17:16  
Blogger Ико рече...

Вечерва ветувам...бев малку зафатен деновиве...

12:07  

Објави коментар

<< Дома