Брацо и парите

23 септември 2006

Не ми се верува. Во Вардар и понатаму се случуваат штрајкови на фудбалери. Клубот денеска повеќе личи на некое стечајно претпријатие отколку на лидер на табелата во домашното првенство.
Ветувања...
„Иде Брацо...“, „Брацо се јави, на граница бил со куферот пари“, „Само што не преминал граница Брацо со парите“, „Брацо ќе дојде во понеделник“, „Брацо ќе плати до крајот на неделава“, „Брацо пратил пари, во секој момент ќе стигнат“ и т.н. Ова се зборовите кои фудбалерите на Вардар ги слушаат во последните 5 години. Брацо и парите! Никако не може да ми се разјасни како самите фудбалери „паѓаат“ на вакви муабети од управата а и никако не може да ми се разјасни кои се причините поради кои не се редовно плаќани.

БРАЦО СО КУФЕРОТ СО ПАРИ

Глупав
Да се разбереме, сите кои играле за Вардар во претходните неколку сезони си ги добиле сите пари кои биле предвидени за нивна плата. Сите до денар. Ама, не ги добиваат редовно. Од ваквата ситуација можам да заклучам само едно: Брацо е глупав! Зашто редовно не ги исплаќа фудбалерите? Што постигнува со тоа? Истите пари секако на крајот на сезоната ќе мора да ги доплати а вака, во среде сезона, само го оштетува својот тим и влијае на резултатите кои подоцна на него самиот ќе му донесат финансиски профит.

Препорака
Прошетајте се утре (недела) до Градскиот стадион... Во 15:30 часот Вардар ќе игра против Силекс. Не сакам да тупам како тоа до пред неколку години било дерби и бла бла... Целта на вашата посета е да гледате како играат фудбалери кои не тренирале два дена. Вчера и денеска фудбалерите воопшто не тренираа. Многу ме интересира како ќе играат и дали за „без пари“ ќе победат и ќе му ја зачуваат првата позиција на Вардар.

Сега сигурно се преговара во просториите на Вардар:

фудбалерите:
„Платете ни за да тренираме...“

управа:
„Вие тренирајте денес, утре после утакмица во 6 саат ќе стигне Брацо со парите, ќе ви се плати све!“

фудбалери:
„Договорено!“


И ќе следува уште една седмица чекајќи го Брацо со парите...како и последниве неколку години...
РЕТКА СЛИКА: ЦЕЛ ВАРДАР СРЕЌЕН, БРАЦО ДОШОЛ СО КУФЕРОТ

5 коментари:

Blogger Ико рече...

Нормално, Вардар загуби со 0-1...

10:32  
Anonymous Komiti рече...

Normalno........

02:00  
Anonymous Дарко100%спорт рече...

Ико дај бе друже пишувај само на еден блог а не вака те ваму те таму.Мој предлог.Иначе да ми кажеш до каде е сајтот?И што понатаму?

19:39  
Blogger Ико рече...

Абе Даре, па тука се вратив уште од јули и тука останувам...ова уствари ми е матичниот блог уште од 2005 год. Инаку за сајтот: има нови моменти...ама ќе мора да се видиме и да поразговараме ;)

23:37  
Blogger Wicked рече...

Abe stvarno greota e ova sto im se desava na fudbalerite , zatoa sto tie se super decki i odlicni fudbaleri i definitivno ne go zasluzuvaat ovoj tretman. Braco si go dobi ona za koe sto kukase celo vreme i sega konecno treba da prestane so ovie zaebancii zatoa sto terajki vaka i na nego ke mu dojde krajot. Pozdrav

21:56  

Објави коментар

Врски до објавата:

Создај врска

<< Дома