Проблемот на Мак-фудбалот

15 декември 2005

Ќе ви откријам нешто што сигурно многу малку (можеби и никој) од вас не го знае - каде лежи проблемот во мак-фудбалот? Зашто нашата фудбалска лига и клубовите стагнираат. Еве во што е работата:
Сите наши фудбалски клубови (со исклучок на Македонија ЃП и Работнички К - ќе објаснам подолу) се всушност во сопственост на градот или на општината во која се наоѓаат. За пример ќе го земеме најтрофејниот: ФК Вардар. Вардар е во сопственост на Град Скопје, но со тоа што градот нема ингеренции да управува со него туку со клубот управува Здружение на Граѓани. Ова здружение на граѓани има Собрание кое ги носи главните одлуки. Како да станете “газда“ на еден клуб? Со градот се договарате дека ќе инвестирате во клубот одредена сума на пари во одреден период, со што вие го добивате претседателското место во Собранието на Здружението на Граѓани кое управува со клубот и исто така добивате право да ги назначите мнозинзството од членовите на собранието (кои подоцна ќе гласаат за вашите одлуки). Ова до тука е во ред. Но само до тука. Проблемот со здруженијата на граѓани е што одговорните луѓе во тоа здружение не сносат никакви кривични последици доколку направат некое криминално дело: на што се мисли?
Вие како човек кој го има мнозинството од членовите во собранието можете слободно да донесете одлука на пример да префрлите 10 илјади евра од клубот на сметка на ваша фирма и за тоа да не одговарате пред никого! Доколку некој сака да ве тужи за неправилно префрлање на пари, тој всушност има право да го тужи самото здружение на граѓани - не и човекот кој е одговорен за трансакцијата. Исто така, можете на пример да го однесете клубот во долгови и едноставно после неколку години влечкање со долговите да се повлечете и повторно не сносите никаква одговорност, туку одговорноста ја сноси самото здружение на граѓани.
Сите клубови освен Македонија Ѓорче Петров и Работнички Кометал (единствени клубови со сериозни газди кои размислуваат на долги патеки, работат професионално и резултатите се веќе видливи) се раководени на ваков начин како што објаснив погоре.
Кога ќе се поправи оваа ситуација? Кога барем уште 2-3 клуба покрај Македонија ЃП и Работнички К ќе бидат откупени од сериозни фирми/поединци кои нема да сакаат само да се збогатат преку ноќ продавајќи набрзина неколку фудбалери во странство туку ќе изработат детална програма со одредени цели. Треба барем уште 2-3 клуба со сопственици кои се подготвени барем 2 до 3 години да инвестираат во клубовите (инфраструктура, младински школи, редовно плаќање на фудбалерите) за потоа успехот да биде неизбежен. Такви потенцијални сопственици има многу (сите големи фирми почнувајќи од Макпетрол, Алкалоид, Мобимак, Зегин....да не набројувам - фирми со капитал). Иако сум верен навивач на Вардар, јас се молам Македонија ЃП и Работнички К да ги завземат првите 2 места на табелата оваа сезона и повторно да играат во Европа - т.е. да покажат дека ако се работи чисто и чесно, успехот е неизбежен. Ако продолжат како што почнале, овие два клуба за 2-3 години ќе имаат потенцијал за влез барем во групите во Купот на УЕФА (или со малку среќа и во Лигата на Шампионите) со што на нивните сметки ќе легнат парични суми поголеми од милион евра - што значи парите што ги инвестирале ќе им се вратат и дури ќе профитираат. Кога и другите потенцијални фирми/поединци сопственици ќе видат дека фудбалот може да биде профитабилен бизнис во Македонија, и многу други клубови ќе бидат откупени од сериозни сопственици.

Па ајде да видиме....јас сум оптимист бидејќи ситуацијата секако не може да биде полоша од сегашната.

2 коментари:

Blogger Vlado Apostolov рече...

Апсплутно тачно.

Сум бил член на НВО(студентска организација) и не верувам дека претседателот на здружението е лишен од одговорност. Е сега, ако никој не го бележи и санкционира криминалот, тоа е друго!

Знаеш дека Македонија ЃП, кога го претрепеле првиот пораз сезонава газдата ги однел у кафана сите и плус добиле премија. Тоа беше на почетокот на првенството. Сите знаеме како тоа влијаеше на игрите на Македонија.

09:47  
Blogger Ико рече...

Јас сум приватно пријател со сопственикот на Македонија и знам како се работи...Ако победат натпревар во недела, уште утредента ги очекува премија кога ќе дојдат на тренинг - резултатите се очигледни.

Иначе, за ова со здруженијата на граѓани, 100% сум сигурен дека е така - криминалните одлуки поминуваат на собранието каде што од (пример) 100 члена за одлуките гласале (пример) 55 луѓе (кои претходно се поставени од претседателот) така што сите тие сносат одговорност за тоа и практично е невозможно криминално да ги “гониш“....катастрофа е...

10:38  

Објави коментар

<< Дома