Странец или домашен?

08 декември 2005

Тоа е актуелно. Немаме селектор (имаме ама в.д.). Следете ја сега логиката на нештата по кои се водат луѓето во ФФМ (а богами и некои новинари кои пишуваа за ова). Работата стои вака: Ако сме добиеле атрактивни противници во групата за квалификации за ЕП, ќе сме донеселе странски селектор, а пак ако сме добиеле понеатрактивна група, тогаш ќе бил наш. (?!?!?!?!?!?!)
Се чудам и неможам да се изначудам! После ќе се прашуваме зашто доживуваме неуспеси...
Прво и основно: Зашто ги делиме можните кандидати за селектор на “странец“ или “домашен“??? По која логика??? На нас не ни треба ниту странец ниту домашен селектор - ни треба ДОБАР селектор кој ќе може да постигне (ќе гарантира) успех. Знае ли некој во државава (освен тие 2-3 луѓе кои одлучуваат) по кои критериуми се бира селекторот??? По искуство, освоени титули...? По кои критериуми. Сакам некој тоа да ми го каже. На нас ни треба селетор што:
- има завидно тренерско искуство зад себе
- има тренерско знаење и образование
- има познавање на приликите на нашиот фудбал
- човек кој ќе се нафати да работи под претходно зацртана цел (дали тоа ќе биде 1-во, 2-ро или 3-то место во групата) и кој ќе ја напушти функцијата ако не ја исполни целта
- има успеси зад себе како тренер (освоени титули!)
- има успех со работа и со други репрезентации
Зашто некој тренер кој ги усполнува овие услови да не ја добие работата само затоа што е странец или е наш? Каква улога игра националноста на тренерот???
Освестете се!!!
Знам...ќе речете “Ќе донесеме квалитетен странски тренер ако добиеме атрактивни противници - бидејќи ќе заработиме пари од натпреварите против нив“. Кога ќе разберете дека треба да инвестирате во успехот и потоа тој успех ќе ви донесе пари. Какво фајде ако на ждрепката добиеме атрактивен противник? Ќе заработиме пари за да ги покриеме трошоците за “атрактивен“ странски тренер? ИНВЕСТИРАЈТЕ во КВАЛИТЕТЕН тренер кој ќе ни донесе УСПЕХ! Со успехот доаѓаат и парите - оние пари кои ќе ги инвестирате за да дојде успехот (и многу повеќе).

1 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Секоја чест,
Многу добра колумна!!!

21:33  

Објави коментар

<< Дома