БРАВО!!!

13 октомври 2005

Браво Македонија! Запамтете го денешниот датум бидејќи денеска го остваривме најдобриот резултат во нашата фудбалска историја. Останавме непоразени на гости против 2-та по сила репрезентација во светот, единствена во светот која квалификацискиот циклус за пласман на СП 2006 го заврши без пораз. Во моментов уживам во овој успех и не ме интересира ништо друго. Јас славам, незнам дали и вие славите?! Поопширен коментар за натпреварот и осврт на изминатите квалификации ќе дадам деновиве, сакам да поуживам и да се порадувам. Пишете ваш коментар, под услов да не биде од типот “ни попуштија, не им требаше победа“ или “џабе со Холандија кога загубивме од Андора“.... тоа ни е на сите јасно, нема потреба од такви зборови во овие (ретко) убави моменти за мак-фудбалот.

8 коментари:

Blogger Shepard рече...

Ја ти кажав. Колку ми е мило, толку сечам вени што пичките ја шитнаа со Андора.

А за успесите: од 0:0 тргаат, на 0:0 свири судијата прв пат.. шо значи дека е пожелно малце да е мрдната ситуацијата на задната свирка.

04:34  
Blogger Shepard рече...

Не јадам гомна.

Уствари јадам, таков сум :)

04:35  
Blogger GoodBytes рече...

Задоволување или радување дека не си ИЗГУБИЛ е лузерски став, независно за кого се работи. Фудбалот (спортот) се игра за победа. Така барем велат правилата.

08:13  
Blogger Ико рече...

Goodbytes, pravilata velat deka postoi pobeda ili neresen rezultat. Tvojava mini-filozofija "zadovoluvanje deka ne si izgubil e luzerski stav" vo ovoj slucaj ne drzi voda. Izgleda ne ja razbiras rabotava mnogu...

13:30  
Blogger GoodBytes рече...

Што има да се разбира? Настрана која е играта конкретно, настрана листи, скорови, позиции и бодови, настрана се'. Тоа се малите ситници во спортовите.

Целта е да се победи. Тоа го турка квалитетот напред, а квалитетот носи нови и подобри резултати - идеата зад спортските игри, поважна и од целта, победата.

Од аспект на гледачите, тие сакаат да гледаат добра игра, во случајов добар фудбал со голови и победа на својот тим.

Никогаш не сум можел да разберам како некој ќе се задоволи со нешто помалку добро од целта која треба да се постигне. Можеби и затоа спортот во Македонија е на толку ниски гранки паднат - заради нашите ниски очекувања.

Во овие рамки ми беше муабетов. Дури не ни коментирав специфично за овој случај. Можеби изгледа дека поставувам превисоки стандарди споредено со реалноста, но никогаш не би се согласил или задоволил Македонија да биде во дното на земјите по квалитетот на својот спорт.

И знаеш што е најтрагично во сево ова? Речиси никогаш вистинската вина за неуспесите не може да се бара во спортистите. Сакам да кажам, ај да бевме некоја рахитична, или ниска и слабичка по раст нација, ќе разберев некако дека сме со некој лимит. Ама вака? Не, ќе ми простиш, ама јас не можам да се согласам со ваква состојба.

23:51  
Blogger Ико рече...

goodbytes незнам колку следиш фудбал па како да ти објаснам?!

Кога игра Кометал Ѓорче Петров тогаш сите очекуваат финале во Лигата на Шампионите во ракомет - очекување кое е во реалните можности. Во моментов едноставно е нереално ти од нашите пинг-понг репрезентативци да очекуваш да освојат светско првенство исто како што е нереално да очекуваш Македонија да ја победи Холандија. Не е нормално да очекуваш, но нормално е да се надеваш!

Понатаму, велиш дека вината треба да се бара кај спортистите. Ова е репрезентација и изборот на фудбалери е ограничен! Репрезентацијата треба да се гради според фондот на фудбалери. Ако имаме одлични дефанзивни фудбалери и слаби напаѓачи, неможе да играме напаѓачки или да чекаме да се роди напаѓач. Вината за неуспесите репрезентациите треба да се бара кај селекторот зошто тој е оној кој го составува тимот!

02:11  
Blogger GoodBytes рече...

Сакав да кажам слично со тебе, дека спортистите се најмалку криви. Дека менаџментот е слаб кај нас.

Но, со добро менаџирање и отфрлање/намалување на сите потенцијални кризи и проблеми, нивото на спортот ќе може да се подигне. Ако од него и подобро се заработува, ќе може да се регрутираат и повеќе луѓе, што ќе предизвика подобра селекција (нешто слично на ефектот Ѕвезда или Партизан - толкава беше честа да се игра во нив, што станаа расадник за таленти).

Денес со завршена физичка култура, можеш да се надеваш на професорско место во најдобар случај. Јас лично познавам луѓе кои го исклучиле спортот од нивните животи заради очајните состојби во него. И јас се бројам тука - избрав други опции во мојот живот, станав програмер и сосем престанав да се занимавам со веслање.

Моментално, во спортот во Македонија има премногу ТАПА луѓе кои играат улога на тоа што треба да биде менаџер.

И друго, реално е од секој спорт во Македонија да очекуваш прво место. Здрави, прави сме како нација, само во главата малку ни фали и се' ќе биде ОК.

Види, не сакам да ме сфатиш дека се препирам со тебе. Ти си имаш едно мислење, јас малку поинакво, но за главното сме сложни и целите/надежите ни се исти. Јас и за себе и за сите кои се околу мене поставувам многу високи стандарди и очекувања. Овен тоа, сметам дека ако не се подобруваш, тогаш назадуваш на некој начин. Ова што го пишував е само рефлексија на моите животни ставови врз темата македонски спорт.

21:12  
Blogger Ико рече...

http://selektor.blogspot.com/2005/08/blog-post.html

Зирни го овој пост од пред некој месец е, ќе видиш дека ги имам сосема истите ставови со тебе. Главна работа е организацијата/менаџментот...

Поздрав!

22:14  

Објави коментар

<< Дома