Холандија – Македонија

11 октомври 2005

Еве дојде и последниот натпревар од уште еден квалификациски циклус (неуспешен). Работите стојат вака: гостуваме во Амстердам на еден од најубавите стадиони во Европа (според мене) и на втората репрезентација на ранг-листата на ФИФА – Холандија.
  1. Изборот на в.д. селекторот не го поддржувам. Со повикувањето на “старците“ Бабунски според мене само докажа дека наместо на младите репрезентативци кои се иднината да им овозможи да одиграат натпревар со втората по квалитет репрезентација на светот и да стекнат огромно искуство, се реши со играчи од минатото (Шаќири, Христов и компанија на стартот на идниот циклус ќе имаат по 32-33 години а во финишот на циклусот и повеќе) да се обиде да направи каков-таков добар резултат (ако се случи некое чудо) и да собере некој поен за евентуално да се наметне за целосно превземање на функцијата селектор која реално не ја заслужува (Никакво тренерско искуство во ниедна екипа).
  2. Холандија во моментов игра најдобар фудбал во Европа (нека смее некој да каже дека не е така!). Ги изгазија Чешка со 0-2 на гости и немаат ниту еден пораз во квалификациите (единствена селекција без пораз). Реално, ние немаме што да бараме во Амстердам, но мора да се излезе на теренот храбро и без преценување и респект за противникот и да се бранат со гордост боите на нашата земја. Ова е шанса за едно одлично искуство за сите и мора да се игра растеретено бидејќи и да бидеме поразени со 1-0 или со 10-0 ние немаме што да изгубиме.
  3. Мојот предлог за првиот тим кој треба да истрча во Амстердам:

Голман: Милошевски (па и Кметовски – сеедно)

Одбрана: Васовски, Новевски, Седловски, Вајс (четворица во линија строго посветени на одбраната, без никакви офанзивни излети)

Среден ред: Шумоликовски и А. Митревски како дефанзивни играчи во средниот ред, Трајчов и Дарко Тасевски да играат поофанзивно со поголема слобода во играта.

Напад: Илчо Наумовски и Горан Пандев (со тоа што Пандев би се враќал и малку назад да потпомогне во градењето на акциите).

Ајде да видиме што ќе биде. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!

1 коментари:

Blogger Алекс Букарски рече...

Селекторе доста шанси на младите, пошто од кој што стигнаа кркаа голови. Со онаква младина (ко со Андора) тешко на иднината ни фудбалска.

Не дека ова старите ќе направат којзнае шо. Тоа е највеќе колку да се докажи дека ФФМ не се криви. (еве и со стари и млади не не бива!)

Сепак мојот “делегатски“ глас го врлив за
Димитров Џуниор!

11:30  

Објави коментар

<< Дома