Челзи

01 јули 2005

Ех, Челзи! Ја имаа најдобрата сезона во својата историја но ситуацијата е далеку од совршена на Стемфорд Бриџ. Челзи се единствениот светски клуб со можеби неограничени финансии и моќ го купат секој играч кого ќе го посакаат. Сепак, Мурињо иако не сака да признае се соочува со големи главоболки во пресрет на следната сезона. Челзи нема напаѓачи!!! Да, го имаат Дидие Дрогба, кој дојде за 24 милиони фунти(!!!), но не успеа да ги оправда парите вложени во него. Адриан Муту направи глупост и мораше да плати за тоа, но сепак глупост направија и Челзи, кои наместо да му помогнат на еден од најталентираните фудбалери, го отпуштија (!) а потоа за глупоста да биде поголема, откако премина во Јувентус, бараа пари (нормално не ги добија) !? Матеја Кежман си замина, со што Челзи остана само со Дрогба и Гудјонсен кои сеуште се светлосни години далеку од рангот на напаѓачи како Шевченко, Торес, Ето, Анри, Нистелрој и т.н.
Челзи иако заслужува почит од фудбалскиот свет, сепак сеуште е далеку од достигнувањето на нивото на гигант како што се Милан, Јувентус, Манчестер, Реал, Барселона, Баерн... Во текот на сезоната, раководството и Мурињо се покажаа арогантни во многу ситуации и сега летово ќе проследат како сето тоа ќе им се врати.
Изминатиов месец, Челзи беше во преговори со повеќе тимови за купување на напаѓач. Го сакаа Шевченко, а ниту тој сакаше да замине од Милан, ниту пак росоњерите сакаа да го продадат без разлика на парите кои биле понудени. Го посакаа Ето, но Барселона а и Ето едноставно го иссмеаја овој обид на Челзи. Го посакаа Фернандо Торес, кој нормално не се согласи од култна фигура во Атлетико Мадрид да премине во клуб кој не е гигант во вистинска смисла на зборот. Го посакаа Давид Трезеге, но и Јувентус одбија мега-понуда бидејќи тој е клучен играч. Го посакаа Џилардињо, но тој јавно изјави дека не е заинтересиран за Челзи. Нормално дека не доаѓа во предвид и трансфер на Нистелрој или Анри.
Кој ќе биде партнер на 24 милиони фунти (повторно ќе ставам извичници !!!!) вредниот Дрогба во нападот??? Елитните напаѓачи се во елитните тимови кои не сакаат да продаваат. Талентираните (Торес, Џилардињо) не сакаат трансфер во Челзи...
Испадна дека
“Money Can’t Buy You Love” !!! Кој ќе дојде во Челзи, откако сите кои поминаа како напаѓачи кажаа само лоши зборови (Муту немаше поддршка од клубот, на Кежман кој постигна 103 гола во 123 натпревари за ПСВ не му дадоа шанса, Креспо изјави дека не сака да игра за Челзи, дури и Форсел си замина), а покрај тоа, Мурињо цела сезона е во центарот на вниманието со своите арогантни изјави?!
Мурињо кој изјави дека не му е потребен Креспо кога го има Дрогба, сега се обидува да го убеди да игра за Челзи следната сезона! Втора опција е Мајкл Овен.
Мило ми е што следната сезона (според моите прогнози) ќе се покаже дека клуб не може да стане гигант преку ноќ само со пари! Покрај се, пресметајте колку пари потроши Челзи изминативе две години, а со какви играчи располага. На пример, Јувентус ги купи Буфон, Турам и Недвед за 65 милиони евра. Челзи само за Дрогба плати половина од оваа сума!!! Кежман дојде за 9 милиони, а си заминува за околу 5, Верон дојде за преку 15 милиони а си замина скоро за без пари, Креспо дојде за преку 12-13 милиони а ќе си замине за помалку од 6-7 (или на позајмица повторно), Муту дојде без пари и си замина без пари и така натака. Овие бројки се отприлика колку што ме служи сеќавањето, додека точен податок е дека во изминативе 2 сезони, Челзи има -80 милиони евра во трансфери (купени играчи – продадени играчи) што е рекордна сума, за разлика од трансферите кои ги прават сите европски клубови кои не одат во зијан повеќе од 10-тина милиони евра, додека некои одат и во плус.
Абрамович!!! Имаш пари а??? Ај да те видам да освоиш све со пари!!! Неможе со пари да се натпреваруваш против екипи кои се градени со години....

Доста е...што мислите вие за Chel$ea ???

6 коментари:

Blogger Shepard рече...

абе челзи не се тим на ѕвезди, не им требаат нив шевченко или анри.

играат со еден шпиц. нек се мењаат овие двајцава, евентуално некој трет што врска неам кој би бил..

04:24  
Blogger Vlado Apostolov рече...

Мразам Челзи. Мразам Мурињо. Мразам Лампард. Не поднесуем Тери.

Мразам Челзи.

23:59  
Blogger Ико рече...

Колега офчар...токму тоа и го зборам, потрошија пари за џабе, а немаат ниедна ѕвезда т.е. ниедно играчиште!

03:25  
Anonymous Анонимен рече...

Немате право да зборите таке за Челзи беа многу доминантни и како може да немаа ѕвезди што са Тери Лампард Робен и тако даље

11:39  
Blogger Ико рече...

Тери донекаде... Ама Лампард и Робен како и останатите, не се на нивото на вистински звезди како што се Роналдињо, Шевченко, Виеира, Балак...

Лампард и Тери ако беа толку јаки играчи, ќе му донесеа успех на Челзи уште пред да дојде Абрамович...а и со Абрамович и сите тие пари им требаа две години...

11:57  
Anonymous Анонимен рече...

Нормално дека им требаа две године зош прво треба да се уиграа.Еве ти пример што прае реал мадрид или манчестер?Иако са меѓу најбогатите последниве године немаа титула

13:32  

Објави коментар

<< Дома