Браво NBA Macedonia

23 јуни 2005

Едно големо браво за Каракаш и Shepard за новиот блог. Ми се допаѓа многу...така да топло им го препорачувам на сите фанови на НБА и на сите спортски фанови воопшто! Вакво нешто очајно ни треба на македонскиот веб простор! Блогот е супер, дизајнот во моментов ми се свиѓа ептен и гледајте да не го менувате често па така ќе стане препознатлив. Мислам дека блогот треба да добие и интернационален карактер, па јас во иднина ќе се обидам сите коментари да ги пишувам и на македонски и на англиски....кога нема да ме мрзи :))

Спортот е тоа што е разонода, страст и забава во целиот свет. Нека биде така и кај нас....преку глава од разни политички, социјални и останати напорни расправии... Јас барем не сакам она слободно време кое го имам да го посветувам на вечни бесцелни берберски расправии со луѓе кои мислат дека се разбираат во се, а всушност не се разбираат во ништо. Расправии кои се посветени на теми и ситуации кои ние со нашето празно ломотење не можеме да ги смениме.

На страна од ова што го напишав погоре, Купот на Конфедерациите стигна до полуфиналната фаза... Бразил - Германија, Аргентина - Мексико. Германците играат дома и се желни да се одмаздат за поразот во финалето на светското првенство, Бразил беа фаворити пред стартот, ама нешто не ме воодушевија многу... Мексико се во серија од 20 натпревари без пораз, ама нешто се испокараа, па дури и двајца играчи беа пратени дома поради недисциплина. Кај Аргентина, Рикелме е во животна форма! Човекот се најде себеси во Виљареал и покажа дека е играчиште, нешто на што не личеше во првата сезона во Барселона. Класичен плејмејкер на кого ако му се остави простор на средината на теренот (Аимар ја грее клупата) воодушевува со својата креативност...ме потсеќа на Дел Пиеро на млади години.

Како и да е, моја прогноза Германија - Аргентина во финале....а во финале, нема фаворити....

Вие?

2 коментари:

Blogger Shepard рече...

Финалето е тоа.. а у финале навијам за Швабите!

03:32  
Blogger Vlado Apostolov рече...

Не греши душа. Фимале без Роналдињо, Адриано и најдобриот плеј на светот (свака част за Рикелме, он ми е на 2 место)не бива. Ја мислам дека на Германците им е доста полуфиналето. А Аргентина, нема сомнеж-идат у финале.

P.S.

Ако се деси финале Германија-Мексико, ќе ме нема некое време. Од срам, де!!

23:20  

Објави коментар

<< Дома