Слатки маки...

28 јуни 2005

Само што читав една колумна на еминентен спортски новинар. Темата беше репрезентацијата на Бразил. Тој се осврна на тоа колку се навистина тие силна репрезентација. На прв поглед, кога ќе се спомнат сите овие имиња: Роналдо, Роналдињо, Адриано, Робињо, Кака, Емерсон, Лусио, Роберто Карлос....се чини дека тие се непобедливи. Но...(секогаш има "но") не е се така розово за бразилците.

Ќе наведам само неколку факти што тој ги спомна и верувам дека ќе ве премислам ако сте мислеле дека Бразил со овие фудбалери е непобедлив.

1. Одбрана: Во одбраната единствена светла точка е Лусио. Роберто Карлос со текот на годините го губи здивот, па прашање е во каква форма ќе биде идното лето за Светското Првенство. Кафу исто така го стигаат годините, додека тука е и мајсторот за киксови - Роке Жуниор. Во секој случај Бразил ја имаат една од најслабите одбрани од сите фаворити за трофејот на идното СП (Италија и Англија во преден план).

2. Среден ред и напад: Е тука селекторот Переира има маки. Кога имате слаба одбрана, ви треба среден ред со играчи кои ќе можат да завршуваат многу дефанзивни задачи. Таков играч е Емерсон! Ама кој ќе му биде партнер на Емерсон во дефанзивната линија од средниот ред?! Сите останати кои мора да играат (Роналдињо, Кака пред се), не се снаоѓаат во дефанзивна улога!

3. Во нападот, познато е дека Роналдо е скаран со селекторот зошто не сакаше да игра за репрезентацијата летово бидејќи бил уморен?!?!?! (Да не се умори од освојување титули со Реал сезонава?!?!)

Инаку во среда очекувам интересен натпревар од финалево Бразил-Аргентина!

Што мислите вие? Кој е фаворит во финалето? Дали Бразил се навистина силна селекција како што делуваат со имињата на хартија?

4 коментари:

Blogger Shepard рече...

Одбрана.. зашо така збориш.. Едмилсон еве го.

Среден ред со дефанзивна задача освен Емерсон - Клеберсон или Џилберто Силва.

Напад - не мора да збориме.

18:26  
Blogger Ико рече...

Прашање е во каква форма ќе се врати Едмилсон откако не играше цела сезона. Клеберсон исто така е нестандарден играч. За Џилберто Силва си во право...

Ама измени?? Што ако се повреди Лусио на пример?! Или недај боже Емерсон?! Тоа ќе биде рушење на екипата.

Овој состав на Бразил ме потсеќа на Реал Мадрид од пред 2 сезони. Тие имаа среден ред и напад во состав: Зидан, Фиго, Бекам, Макелеле (сите во најдобрите години) Раул, Мориентес, Роналдо...
Ама одбраната им беше катастрофа и се скапаа од примање голови. Таа сезона секоја екипа ги научи на памет дека ако малку ги притисне веднаш попушта одбраната и Реал примаше минумум по 1 гол на натпревар.

Ви текнува?

20:55  
Blogger Vlado Apostolov рече...

Битна фигура мора да признаеш е и тренерот. Переира треба да создаде тим а не селекција од најдобрите играчи од минатата година. Како што стојат работата мене ми изгледа дека тој прави бразилски Дрим тим. За жал.

Е па не мора покрај Роналдињо и Кака да го става и Робињо. Малиот го бива ама сега за сега,ко шо има гужвата у напад кај бразилците, мислам дека е вишок. Млад е и треба малце да се клупира. И од секогаш сум велел дека на Браил му треба и некој напаѓач кој не е голема ѕвезда а сепак е добар играч. Може почесто да играат ( ако не и стандардно) Оливера и Баптиста.

Зошто Аилтон не игра? Голобрадоно момче да не е подобар фудбалер од него?

Баш ме интересира како ќе изигра Робињо во финалето. За такви натпревари требаат искусни играчи. Не знам!

08:48  
Blogger Ико рече...

Абе види вака, ванземаљци се за фудбал, ама замисли ја екипата ако недај боже се повредат Емерсон или Лусио...?! Иначе ги испердашија како мали деца...

Цале, немам тим...ај баш ќе ѕирнам сега што е тоа па ќе ти кажам

17:30  

Објави коментар

<< Дома