Ждрепка

26 јуни 2005

Се случи и ждрепката за Евро-натпреварувањата. Ќе почнам од УЕФА Купот. На Башкими му давам само поминување на првото коло против босанската екипа, додека Вардар го доби Елбасан од Албанија. Вардар според мене има капацитет за 2 до 3 кола во ова натпреварување, но ништо не би прогнозирал додека не ги видам и другите противници.

Е сега, најбитното – Лига на Шампиони. Работнички како прв противник го доби Сконто од Рига (Летонија). Според квалитетот на Работнички, професионалниот пристап, одличните подготовки кои се во тек, Работнички оди понатаму! Е сега понатаму ги очекува Локомотив Москва. Работнички има квалитет, но Локомотив е подобра екипа. Можеби не е за цела класа подобра, но во овој меч голема улога ќе има фактот што првенството во Русија е веќе во тек, и ќе се соочиме со една екипа која ќе биде во врвна натпреварувачка форма. Гледано од тој агол, Работнички испаѓа. Но од друга страна неможам а да не го спомнам дуелот Вардар – ЦСКА Москва. ЦСКА таа година (пред 2 сезони) беше најдобрата екипа во Русија со веќе започнат шампионат, но сите знаеме што се случи. Ако ја споредиме екипата на Вардар тогаш и оваа на Работнички сега, секако дека логичен развој на настаните е Работнички да победи во 2-то коло. Останува да видиме дали ни "лежат" руските екипи или тоа тогаш беше само момент на слабост на ЦСКА. Како и да е, јас како и секогаш сум оптимист и верувам дека ова ќе биде една сезона за паметење, посебно поради фактот што после подолго време, Македонија во Лигата на Шампиони ќе биде претставувана од еден вистински професионален клуб кој доминираше како никој досега во домашното првенство.

Што мислите вие?

3 коментари:

Blogger Vlado Apostolov рече...

И ја се ежам од помислата дека за првпат имаме профи клуб у ЛШ. Едвај чекам да почнат натпреварите. Јас искрено мислам дека со малку среќа Работнички може да стигне до 3-то претквалификационо коло. А таму, таму се е могуче. Ви текнуе Вардар колку беше блиску, ама се исплашија од успехот.

Ееееј, замисли да влезат у групите. А!

Ајт! Многу зборам.

09:55  
Blogger Shepard рече...

Оптимистите увек се разочаруваат.

Ја као песимиста, ќе се радувам на секоја победа.

23:23  
Blogger Ико рече...

Епа на 12-ти сите на стадион!

02:28  

Објави коментар

<< Дома