Срамота!!!!!

19 јуни 2005

Дали некој од вас гледаше ракомет Унгарија-Македонија?!?! Поголем срам за нашиот спорт одамна не се случил. На страна тоа што изгубивме од подобра селекција и што го доживеавме нависокиот наш пораз во досегашното постоење на ракометната репрезентација. Она што беше за срамота е односот на нашите репрезентативци. Натпреварот почна интересно и во првото полувреме беше тесно (од нерешено па до 2-3 разлика за Унгарија). Во второто полувреме откако ни направија две три мини серии, е тогаш почна да се случува СРАМОТ и БРУКАТА! Нашите прекинаа да трчаат, не се враќаа во одбрана, не се брзаа кога влегуваа на теренот како измени, не играа НИШТО. Едноставно оставија да не полнат со голови!!! Таков однос не смее да се дозволи! Јас разбирам донекаде доколку игра клуб (а не репрезентација) па да го загубил натпреварот....ама разбирам донекаде. АМА да се посрамоти вака националниот дрес?! Луѓето кои го гледале натпреварот и се смееле на МАКЕДОНИЈА! Кога играч е повикан во репрезентација, значи му е дадено признание дека е еден од 20-тината најдобри во својата земја. Играчот на теренот треба да го покаже тоа. Не е страшно ако загуби репрезентацијата, страшно е ако се откажеш од неа како што се откажаа нашите ракометари на почетокот од второто полувреме. Среќа последните 5-6 минути селекторот ги седна звездите на клупа и им даде шанса на помладите, кои колку-толку барем се трудеа и спречија место 15 гола, разликата да биде само 11.